Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.


Информативен форум
 
HomeHome  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Охридско Езеро

Go down 
АвторПорака
kokta
Член
Член
kokta

Број на мислења : 135
Join date : 2009-10-12
Age : 30
Местолокација : Skopje

Охридско Езеро Empty
ПишувањеПредмет: Охридско Езеро   Охридско Езеро EmptyВто Jул 13, 2010 3:23 am

Охридското Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија и веројатно од биолошки аспект најзначајниот стагнантен акватичен екосистем во Европа. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина. Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО.
Охридско Езеро 240px-Ohridsoeen
Географија
Езерото покрива површина од 358,2 km² и се протега во должина од 30,8 km, а најголемата широчина изнесува 14,8 km. Должината на брегот изнесува 87,5km. Неговата длабочина достигнува до 289 m. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 km3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (1945 m), а на запад со Јабланица (2257 m).
Се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија.
Потекло
Потеклото на Охридското Езеро, гледано во целост како езерски систем со Преспанското Езеро е тектонско. Двете езера претставуваат остатоци од базенот на поранешното Десаретско Езеро од кое настануваат по пат на геотектонска депресија за време на Плиоценот (пред 5,3-1,8 милиони години). Неговата геолошка старост се проценува на околу 2-3 милиони години, поради што се вбројува во групата на стари, долго-постоечки езера заедно со Бајкалското, Тангањика, Ховсгол, Тити Кака. Ваквите езерски екосистеми се сметаат за центри на диверзитет и резервоари на еволуција во кои пред се поради стабилноста на амбиенталната средина, изолираноста на екосистемот и долгото постоење доаѓа до процеси на рапидна еволуција на одредени групи на организми.
Флора и фауна
За Охридското Езеро карактеристични се поголем број реликтни и ендемични организми. Групи најбогати со ендемични организми и воедно најистражувани групи на организми се Дијатомеите (силикатни алги, Bacillariophyta), Харите (група од зелените алги, Charophyta), потоа Планариите (сплескани црви, Turbellaria), мекотелите (Molusca), особено полжавите (Gastropoda) и раковите (Crustacea). Во езерото живеат 17 видови на риби, од кои 10 се ендемични.
*Пастрмки
--Охридска пастрмка - (Salmo letnica)
--Охридска белвица - (Acantholingua ohridana)
*Бели риби
--Охридски грунец - (Rutilus rubidio ochridanus)
--Моранец - (Pachychilon pictum)
--Мало рипче - (Phoxinellus minutus)
--Охридки клен - (Leuciscus cephalus albus)
--Мало грунче - (Phoxinus phoxinus colchicus)
--Охридска писа - (Scardinius erythrophthalmus scardafa)
--Охридски скобуст - (Chondrostoma nasus ohridanus)
--Дујак - (Gobio ohridanus)
--Мрена - (Barbus meridionalis petenyi)
--Плашица - (Alburnus albidus alborella)
--Мало плашиче - (Alburnoides bipunctatus ochridanus)
--Крап - (Cyprinus carpio)
--Вретенушка - (Nemacheilus barbatulus sturanyi)
--Охридска штипалка - (Cobitis taenia meridionalis)
*Јагули
--Јагула - (Anguilla anguilla)

Клима
Климата во Охридската котлина е класифицирана како локално-континентална. Вообичаена средна тепмература достига до 11,4 Целзиусови степени. Средната месечна температура изнесува 21,2 степени во јули и август, со 34,4 е постигнат апсолутен максимум во август. Најниска средно месечна температуре изнесува 1,5 степени во јануари , додека 17,2 степени е апсолутен минимум. Просечната вредност на врнежи во Охридскиот басен приближно изнесува 759 mm.
Највообичаен ветер е оној кој дува од север, посебно во есен и зима. За време на летниот и зимскиот период дуваат ветрови во правец на југ и југоисток. Безначајни се југоисточните и источните ветрови. Дождливите и благите периоди се менуваат преку ден, посебно во лето. Утрата се карактеризираат со паузи помеѓу дувањето на северните ветрови и благите периоди. Временските услови стануваат многу различни попладне кога јужните и југоисточните ветрови ја менуват стабилноста. Средната брзина на ветер во Охридскиот регион е релативно ниска, 3,4 м /сек .
Температурата на водата во подлабоките слоеви од Охридско Езеро е приближно 6 C°, додека на површината водата може да се загрее до 24 степени, и во крајбрежните слоеви дури до 26 C°.
Археологија и историја на езерото
Бреговите на Охридското Езеро биле населени од предисториско време. Најстарите археолошки населби датираат од неолитскиот период, околу 6000 години п.н.е. Само на македонската страна од сливот се откриени повеќе од 170 археолошки места.
Вратете се на почетокот Go down
 
Охридско Езеро
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Пуканки :: МАКЕДОНИЈА :: Природни богатства-
Отиди до: