Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Информативен форум
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Крикет

Go down 
АвторПорака
kokta
Член
Член
kokta


Број на мислења : 135
Join date : 2009-10-12
Age : 34
Местолокација : Skopje

Крикет Empty
ПишувањеПредмет: Крикет   Крикет EmptyПон Jул 12, 2010 11:39 pm

Крикет е спорт во кој треба да се удри топче со палка. На прв поглед е сличен со безболот од САД, но во суштина е многу постар. Крикетот за прв пат се споменува во документ од 16 век, според кој бил игран во Англија. На професионално ниво се игра во следниве држави: Австралија, Англија, Бангладеш, Зимбабве, Индија, Јужна Африка, Кенија, Нов Зеланд, Пакистан, Шри Ланка и Западни Инди.
Крикет Kriket-2
Игра
Еден натпревар трае цел ден, а некогаш и 5 дена. Еден тим за крикет се состои од 11 играчи кои посебно се обидуваат да добијат поени. Поените се добиваат со трчање откако ќе биде удрено топчето. Играчот со палка се рачуна за изваден откако играч од спротивниот тим ќе го фати топчето што го удрил, без да топне на земјата. Исто така, еден играч може да биде изваден доколку дозволи напаѓач со топче од спротивната страна да му ги удри стапчињата.
Крикет Kriket
Правила
Крикетот е игра која ја играат две единаесеточлени екипи. Екипите се менуваат во улогата на удирачи и чувари на полето. Во текот на секое коло (inning) удирачката страна се обидува да освои бодови со трчање помеѓу порти (wicket): чуварите на полето се обидуваат да ја срушат портата. Натпреварот се состои од едно или две кола за секоја страна.
Удирачот носи заштитен шлем од стаклено влакно или метал. Ракавиците на удирачот даваат добра заштита, сигурност во истовремено добриот зафат и замавнување со палката. Чевлите можат да имаат крамбови или гумен ѓон. Штитниците на нозете носи и удирачот (batsman) и фаќачот (wicketkeeper).
Крикет 200px-Cricket_-_Wickets
Опрема
Играчите по традиција носат бели или светли кошули, панталони и џемпер. Облека во боја се носи на некои едноставни натпревари. Палката се изработува од дрво (врба); Дршката и е од трска, преслечена со гума. Должина на палката е 96,5 цм. Портата се состои од 3 летви (stumps) на кои се поставени две пречки (bails). Ширина на портата е 22.86 цм. Ракавиците на фаќачот се подебели, поставени и поголеми од оние на удирачот.
Топка
Топката за крикет е направена од плута и волна, а преслечена е од црвена кожа.
Поле
Полето (pitch) е просторот помеѓу две порти, кои меѓусебно се оддалечени 20,12 метри.
Терен
Ливадата која го опкружува полето за игра може да биде со било која големина. Таа на долната слика се прикажани различни позиции на чуварите на полето за удирачи кои се деснаци. Онаа страна на ливадата која се наоѓа назад од удирачот кои ја чека топката се вика онсајд или легсајд, а просторот што е пред него т.е., десно, се вика офсајд.
Фрлање
Фрлачите (bowlers) се менуваат во фрлањето по шест (или осум) топки на едната или другата порта. Со дел од стапалото од предната нога мора да останат надвор од линијата. Фрлачите често ја тријат топката од панталоните за да ја вжештат и замазнат едната страна. На тој начин топката во воздух добива додатна ротација или замав. За да бидат поуспешни, фрлачите се служат со различни техники. Додека брзиот фрлач ја користи брзината и замавот, другиот ќе се труди да го збуни удирачот со спин (ротација).При фрлањето на топката, раката мора да биде испружена.
Удирање
Задача на удирачот е да ја брани портата и да изведува трикови. Удирачот ја држи палката со обете раце. Мора да биде во состојба да го "прочита" фрлачот, добро да ја следи топката и во миг да одлучи како да го изведе ударот.
Погодоци
Бодови се наградени за следниве акции:
1 Еден бод (трк) (анг.-run): секогаш кога двајца играчи ќе истрчаат до спротивната порта.
1 Без топка: фрлачот ја преминува линијата или непрописно ја фрла топката.
1 Непогодена топка: топката е фрлена превисоко или предалеку од портата за да може удирачот да ја врати.
4 Топката стигнува до границата од како ја допира земјата.
6 Топката стигнува до границата без да ја допре земјата.
УДИРАЧОТ ИСПАЃА ОД ИГРА
Нозете пред портата (Leg Before Wicket – LBW) Удирачот ја запира топката која може да ја погоди портата, а претходно да не ја погодил со палката.
Погоден (bowled) - топката ја руши портата на удирачот.
Претрчан (run out) - чуварите на полето ја срушиле портата пред ударот да стигне до неа.
Совладан (stumped) - фаќачот ја руши портата на удирачот додека овој е надвор од својот простор за време на примање на топката.
Удрена порта (hit wicket) - изведувајќи удар удирачот ја руши сопствената порта.
Фатен (caught) - чуварот на полето ја фаќа топката бидејќи таа ја удрила палката или ракавицата на удирачот.
Рекорди
Најмногу срушени порти 19 со 20 бода ги постигнал Џим Лејкер во средбата Англија – Австралија 1956 година.
Првиот удирач кој постигнал шест шестки во една игра е сер Гарфилд Соулберс на натпреварот помеѓу Нотингемшир и Гламорган одржан 1968 година во Свонси, Велс.
Вратете се на почетокот Go down
 
Крикет
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Пуканки :: СПОРТ :: Останати спортови-
Отиди до: