
Две чаши сок од боровница помагаат во спречување на губитокот на памтењето. Имено, испитаниците кои пиеле сок покажале значајно подобрување на тестовите за памтење, дури и во годините кога памтењето почнува полека да ги издава.
Спрема истжувањето на пензионерите, кои покажувале знаци на деменција, се покажало дека боровницата наголемо го подобрува памтењето. Половина од испитаниците пиеле секој ден сок од боровница, кој може да се најде и на полиците во продавниците, а останатата група пиеле пласебо.
Се покажа дека оние кои пиеле од сокот се чувствувале помалку депресивни и тестото подобро го сработиле.
Боровницата ја содржи хемикалијата антоцианин кој помага во подобрување на протокот на информации до мозокот и ја намалува брзината со која клетките со годините ослабнуваат. Исто така се сврстува во категоријата на супер храна бидејќи се смета дека помага во борбата со ракот, болестите со срцето, асмата, како и од други болести.
Имено боровницата е одличен извор на витаминот Ц и антиоксиданс и, фитохемикалија за која се верува дека го спречува стареењето на клетките во мозокот.