Европјаните најпосле ќе имаат прилика да си поиграат на најновата верзија на Nintendo играчката конзола DS. Моделот со ознака Dsi XL на полиците на европските дуќани ќе се најде веќе овој март.
Четвртата генерација на играчка конзола од Nintendo DS на јапоснкиот пазар се појавила уште во ноември минатата година а сега тргнала во свој поход на европскиот пазар.
Новиот Nintendo доаѓа под ознаката DSi XL и носи доста новитети кои играњето во движење би требало да го подигнат на едно ново ниво.
Самиот додаток со името XL сугерира дека играчката конзола нараснала така што сега димензиите и изнесуваат 161 пат 91,4 пати 21,2 мм, тежок 314 грама, а нараснале и екраните коис ега се со дијагонала 4,2 инчи.
Конзолата ќе биде достапна во две бои, винска црвена и темно кафена на европзкиот пазар би требало да се појави овој март со две преинсталирани игри Little Bit of Brain Training : Arts Edition и Dictionary 6 во1 so Камера Fuction. Цената на конзолата би требало да се движи околу 228 долари.