
После моделите 5870 и 5850, кои го поместија хардверскиот свет со фантастичните перформанси и поддршката за технологијата Eyefinity која овозможува проширување на сликата и играње на 3D игри на неколку монитори одеднаш, ATI се одлучи да го претстави и кралот на класата: : Radeon HD 5970
Ах, како работите се менуваат. Пред година дена ATI не можеше да им конкурира на најсилните картички од Nvidia и се мачеше да им остане конкурентен на ефтините модели од средната и пониската класа, а денеска има најбрза графичка картичка на светот, додека Nvidia нема да го понуди вистинскиот одговор до 2010 година.
ATI Radeon HD 5970 има два графички чипови Cypress кои го движат и моделот HD 5870, а тестовите на специјаллизираните страници како што е HotHardware покажуваат дека никој неможе да му се доближи воопшто, освен две графички картички 5870 во начинот на работа Crossfire.
Се разбира, тука е и поддршката за технологијата Eyefinity што значи дека ќе можете да си играте на три монитори, вкупно резолуција 7680x1600 пиксели. Единствен проблем е потрошувачката на ел. Енергија, која е блиску 400W при полно оптеретување, и цена од 599 долари.