Кошарката е тимски спорт во кој пет играчи од два различни тимови се обидуваат да постигнат што повеќе поени преку давање кош, односно преку уфрлување на топката низ хоризонтален обрач, на височина од 3 метри. Од едната страна на теренот до другата, топката се преносува преку тапкање и подавање на останатите членови на тимот.
Во 1891, Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измислил играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сè уште се користат. Најсмит бил важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка и за раширувањето на играта низ Северна Америка. Две најсилни кошаркарски лиги во светот се Европската Евролига и Северно-американската Национална Кошаркарска Асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзо-растечкиот спорт на земјата. Во Македонија, најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.
До поен во кошарката се доаѓа преку фрлање на топката во обрачот на кошот. Екипата која на крајот од натпреварот ќе добие повеќе поени е победник. Кошот постигнат во лакот вреди 2 поени, кошот постигнат надвор од лакот 3 поени, а кошот од слободни фрлања носи 1 поен. Топката во кошарката се управува со нејзино удирање од подот, односно водење, или пак преку меѓусебно додавање измеѓу играчите. Телесни контакт кој може да го повреди играчот не е дозволен. Постојат строго одредени правила и начини на кој топката може да се води.
Со тек на времето кошарката ги развила вообичаените техники за шутирање, додавање и водење, како и позициите на играчите кога се во напад и во одбрана. Иако вообичаената кошарка се одвива под строго одредени правила, разни варијации на кошарката направила таа да биди со се помалку правила. Во кошарката има разни стилови на шут, еден од кои е хорок ударот.
ИсторијаПрвите правила, терен и игра
Во почетокот на декември 1891 година, д-р Џејмс Нејсмит,[1] канадски професор по физичка култура од универзитетот МекГил од Монтреал и инструктор во Вежбалното училиште YMCA[2] (денес Спрингфилд Колеџ), во Спрингфилд, Масачусетс, САД, барал енергична игра на затворено за да ги држи своите студенти зафатени и на одредено фитнес ниво за време на долгите зими во Нова Англија. По отфрлање на други идеи кои биле или премногу груби или слабо одговарале на опколеноста во гимназиите, тој ги напишал основните правила и закачил баскет со боја на праска на 3.05 метри (10 стапки) подигната патека. Во спротивност на модерните кошаркарски мрежи овој баскет со боја на праска го држел своето дно и топката морала повторно да се врати штом еднаш бил постигнат поен. Сепак ова се докажало неефикасно, па така била направена дупка на дното од баскетот, овозможувајќи и на топката да ѕирка секогаш со дрвен клин. Баскетите со боја на праска се употребувале се до 1906 година кога се замениле со метални обрачи со табла. Набргу била направена промена, па така топката само поминува низ мрежата, пробивајќи го патот до кошарката што ја знаеме денеска. Фудбалската топка се употребувала за да се постигнуваат голови. Секогаш кога некое лице ја уфрлувало топката во баскетот, неговиот тим постигнувал поен. Секогаш кога тимот постигнува најмногу поени тој ја добива играта.[3] Баскетите првично биле заковувани на меѓукатна тераса на игралиштето, но ова се покажало непрактично кога публиката од терасата почнала да се меша со шутевите. Таблата била воведена за да се спречи ова мешање. Тоа дало дополнителен ефект кој дозволувал удар од скок.[4] Рачно напишаните дневници на Нејсмит, откриени од неговата внука во почетокот на 2006 година, покажуваат дека тој бил нервозен за новата игра што ја измислил, која вклучува правила од детската игра наречена „Патка на камен“, како што многу правила не успеале пред тоа. Нејсмит новата игра ја нарекол „Basket Ball“.[5]
Првата официјален натпревар се одиграл во гимнзија на YMCA на 20 јануари 1892 година со девет играчи. Натпреврот завршил со 1-0, а ударот бил направен на далечина од 7.6 метри (25 стапки) на игралиште со половина должина од сегашното игралиште на уличната кошарка и од тие на НБА. Од 1897 – 1898 станале стандардни тимовите од по пет играчи.
Женска кошаркаЖенската кошарка започнала во 1892 година во колеџот Смит, кога Сенда Беренсон, професор по физичка култура, ги модифицирала правилата на Нејсмит за жени. Кратко време по вработувањето во колеџот Смит, таа отишла кај Нејсмит да научи повеќе за играта. Фасцинирана од новиот спорт и корисноста која може да ја предава, таа го организирала првиот женски колегијален кошаркарски натпревар на 9 март 1893, кога бруцошките и студентките од втора година од нејзиниот универзитет Смит играле едни против други.Нејзините правила првин биле објавени во 1899, а две години подоцна Беренсон станала издавач на Првиот водич за женска кошарка на А.Г. Спалдинг, којшто понатаму пак ја рашири нејзината верзија за женска кошарка.
Брзо зголемување на популарностаПрвите приврзаници на кошарката биле испраќани на YMCA низ САД и брзо се прошириле низ САД и Канада. До 1895 година, биле основани неколку женски средни школи. Додека YMCA била одговорна за почетниот развој и ширење на играта, во рок од една декада се спречил нов спорт како груба игра, бидејќи почнал да се одалечува од првичната мисија на YMCA. Сепак, другите аматеррски спортски клубови, колеџи и професионални клубови брзо ја пополниле празнината. Пред Првата светска војна, Аматерската атлетска унија и Интеруниверзитетската атлетска асоцијација на САД (претходник на Националната универзитетска атлетска асоцијација) се натпреварувале за правилата во играта. Првата про лига, Националната кошаркарска лига е основана во 1898 за да ги заштити играчите од експлоатирање и да воведе помалку груба игра. Оваа лига траела само 5 години.
Основана Кошаркарската сала на славатаДо 1950 година, кошарката станала главниот универзитетски спорт, па на тој начин го зголемувала интересот за професионалната кошарка. Во 1959 година, беше основана кошаркарската сала на славата во Спрингфилд, Масачусетс, местото на првиот натпревар. Нејзните регистри вклучувале големи имиња, тренери, судии и луѓе кои значително придонеле за развојот на играта.
Развој на опремата и техникатаКошарката првобитно се играла со фудбалска топка. Првите топки направени посебно за кошарка биле кафеави, но дури во доцните педесети Тони Хинкл, барајќи топка која ќе биде попрегледна за играчите и публиката, ја вовел портокаловата топка која денеска е во општа употреба. Дриблингот не бил дел од првичната игра, освен за додавање од скок до соиграчите. Додавањето на топката било првично значајна работа за движењето на топката.На крајот дриблингот бил воведен, но ограничен од асиметричната форма на првите топки. Дриблингот станал значаен дел од играта дури околу педесетите години, штом рачно била подобрена формата на топката.
Историски претходници на кошаркатаКошарката, нетболот, доџболот, одбојката и лакросот се единствените игри со топка кои што се откриени од Северноамериканци. Другите игри со топка, како што се безболот и канадскиот фудбал имаат врски од Комонвелтот на држави, Европа, Азија или Африка. И покрај тоа, не постои директен доказ дека идејата за кошарка доаѓа од античката Мезоамериканска игра со топка, знаењата за таа игра со топка биле достапни најмалку педесет години пред откривањето на Нејсмит, во ракописите на Џон Лојд Стивенс и Александар фон Хумболт. Посебно делата на Стивенс во кои се вклучени илустрации од Фредерик Катервуд, биле достапни во многу образовни институции во 19 век и исто така имале широко движење.
Ран развој на универзитетската кошаркаД-р. Џејмс Нејсмит бил од помош во основањето на универзитетската кошарка. Тој бил тренер на Универзитетот Канзас шест години, пред да му ја препушти функцијата на прочуениот тренер Форест "Фог" Ален. Ученикот на Нејсмит, Амос Алонсо Стаг ја донел кошарката во Универзитетот во Чикаго, додека Адолф Рап, ученикот на Нејсмит од Универзитетот од Канзас, постигнал голем успех како тренер на Универзитетот во Кентаки.
На 9 февруари 1895 година, првиот интеруниверзитетски 5 на 5 натпревар се одиграл на Универзитетот Хемлин помеѓу Хемли и Земјоделското училиште, којшто бил припоен кон Универзитетот од Минесота. Земјоделското училиште на натпреварот победило со 9-3.
Во 1901 година, образовните институции како Универзитетот од Чикаго, Универзитетот Колумбија, Колеџот Дармут, Универзитетот од Минесота, Воената морнарица на САД, Универзитетот од Јута и Универзитетот Јеил започнале со спонзорирање на машките натпревари. До 1910 година, честите повреди на фубалски терени го натерале претседателот Теодор Рузвелт да предложи дека универзитетската кошарка треба да формира управно тело и како резултат на тоа се создала Интеруниверзитетската атлетска асоцијација на САД. Во 1910, ова тело ќе си го промени името во Национална универзитетска атлетска асоцијација.
Ран развој на женската кошаркаВо 1892 година,Универзитетот од Калифорнија и училиштето Мис Хед го одиграле првиот женски интеринституционален натпревар. Бруцошите на Беренсон играле заедно со студентите од втора година во првиот женски интеруниверзитетски кошаркарски натпревар во колеџот Смит, на 21 март 1893 година. Истата година, Маунт Холиок и колеџот Софи Њукомб (тренер Клара Грегори Баер) започнале да играат кошарка. До 1895 година, играта се проширила до колеџите низ целата држава, вклучувајќи ги колеџите Велсли, Васар и Брин Моур. Првиот интеруниверзитетски женски натпревар се одиграл на 4 април 1896 година. Жените од Стенфорд играле 9-9 со оние на Беркли, завршувајќи со 2-1 победа за Стенфорд.
Развојот на женската кошарка бил поструктурен отколку оној на мажите во почетокот. Во 1905 година, Американската асоцијација за физичка култура го создава Извршниот комитет за правила во кошарката при Женскиот национален кошаркарски комитет. Овие правила наложуваат девет играчи во секој тим и 11 службеници. Меѓународната женска спортска федерација (1924) вклучила женско кошаркарско натпреварување.Во 1925 година се одржани 37 женски средношколски, универзитетски и државни турнири. А во 1926 година, Аматерската атлетска унија го поддржала првиот национален женски кошаркарски турнир , комплетирајќи го со машки правила.
Едмонтон градс, канадскиот патувачки женски тим, сместен во Едмонтон Алберта, дејствувал помеѓу 1915 и 1940. Градс ја обиколиле цела Северна Америка и биле исклучително успешни. Тие поставиле рекорд од 522 победи и само 20 порази за тој временски период, бидејќи тие се среќавале со секој тим кој сакал да ги предизвика, финансирајќи ги нивните обиколки со приходи од продажбата на билети. Градс исто така блеснале и на неколку изложбени патувања во Европа и освоиле четири последователни олимписки турнири во 1924, 1928, 1932 и 1936 година. Сепак, женската кошарка не бил официјален спорт се до 1976 година. Играчките на Градс не биле платени и не смееле да се мажат. Стилот на Градс се фокусира на тимската игра, без претерано нагласување на способностите на индивидуалните играчи.
Првата канадска интеруниверзитетска играПрвата канадска интеруниверзитетска кошаркарска игра се одиграла во YMCA во Кингстон, Онтарио на 6 февруари 1904 година, кога Универзитетот МекГил го посетил Универзитетот Квин. МекГил победува на полувреме со 9-7, а резултатот бил 7-7 на крајот од регуларната игра. На крајот од период од десетминути полувреме го дал резултатот. Голема публика дошла да го гледа натпреварот.
Раните американски професионални и иновациски тимовиНиз дваесетите години изобилува од тимови. Постојат стотици машки професионални кошаркарски тимови во градови и гратчиња низ САД, но и мала организација на професионални натпревари. Играчите одат од тим на тим, тимовите играат во оклопни, пушални и играорни сали. Лигите во кошарката доаѓаат и си заминуваат. Иновациските тимови како што се Ориџинал Селтикс и двата Афро-американски тима, Њујорк Ренесанс Фајв ("Ренс") и Харлем Глобетротерс (сеуште постои) одиграле двесте натпревари по година на нивните национални тури.
Американски национални универзитетски шампионатиПрвиот машки национален шампионат, Националната Асоцација на интеруниверзитетско кошаркарско натпреварување, коешто сѐ уште постои под името турнир на Национална Асоцијација за интеруниверзитетски спортови, бил организиран во 1937. првиот национален шампионат за тимовите на НУАА, Националниот предизвикувачки турнир во Њујорк бил организиран во 1938 година, а Националниот турнир на НУАА започнал една година подоцна.
Универзитетската кошарка беше оневозможена од скандалите за коцкање од 1948 до 1951 година, кога дузина играчи од врвни тимови биле вмешани во местење на натпревари и намалување на поени. Делумно поттикнати од асоцијацијата со мамење, НПТ ја изгуби довербата за НУАА турнирот.
Средношколска кошарка на САДПред широко да се зацврсти регионот на средни училишта, повеќето од средните училишта на САД биле далеку помали од нивните сегашни копии. За време на првата декада на 20 век, кошарката брзо станала идеален меѓушколски спорт благодарејќи на неговите скромни опрема и лични барања. Во периодот пред распространувањето на телевизиското покривање на професионалните и универзитетските спортови, популарноста на средношколската кошарка била неспоредлива во многу делови на Америка. Можеби најлегендарен средношколски тим бил Френклин Вундер Фајв од Индијана, кој освојувал во текот на дваесетите години, доминирајќи во кошарката на Индијана и здобивајќи се со национално признание.
Денес, всушност секое средно школо во САД има кошаркарски тим кој се натпреварува на универзитетско натпреварување. Популарноста на кошарката е голема и во руралните области каде тие се идентификуваат со целата заедница, како и кај некои поголеми училишта познати по нивните кошаркарски тимови каде многу играчи учествуваат на повисок степен на натпреварување после дипломирањето.Во сезоната 2004-2004, 1 002 797 момчиња и девојчиња ги претставувале своите училишта во меѓучилишни кошаркарски натпреварувања, во согласност со Националната Федерација на државните средношколски асоцијации. Државите Илиноис, Индијана и Кентаки се особено познати по нивната граѓанска приврзаност за средношколската кошарка, општо познати како Хузиер Хистериа во Индијана. Критички одобрениот филм Хузиерс го покажува големото значење на средношколската кошарка за овие рурални заедници.
Национална кошаркарска асоцијацијаВо 1946 е формирана Кошаркарската асоцијација на Америка (КАА), организирајќи ги врвните професионални тимови и водејќи ги до поголема популарност на професионалните натпревари. Првиот натпревар се одиграл во Торонто, Онтарио, Канада помеѓу Торонто Хаскис и Њујорк Кникербокерс на 1 ноември 1946 година. Три сезони подоцна, во 1949 година, КАА станува )Национална кошаркарска асоцијација (НБА. Новата организација Американската кошаркарска aсоцијација се појави во 1967 година и кратко ја загрози доминацијата на НБА се до додека не се споија АКА и НБА. Денес НБА е врвна професионална кошаркарска лига во светот по својата популарност, големи примања, талент и ниво на натпреварување.
НБА се карактеризира со многу познати играчи како што се Џорџ Микан, првиот доминантен "голем човек", волшебникот за топка Боб Коузи и одбранбениот гениј Бил Расел од Бостон Селтикс, Вилт Чембрлен, кој првично играл за Харлем Глобетротерс, сестраните играчи Оскар Робертсон и Џери Вест, модерниот голем човек Карем Абдул Џабар и Карл Мелоун, плејмејкерот Џон Стоктон, омилениот играч на публиката Џулиус Ирвинг, потоа европските ѕвезди Дирк Новицки и Дражен Петровиќ и тројцата играчи кои ја доведуваат професионалната игра до највисок степен на популарност : Лери Бирд, Ирвин "Меџик" Џонсон и Мајкл Џордан.
Во 2001 година, НБА создаде развојна лига НБДЛ. Во 2008 година лигата имаше 16 тима.
Кошаркарските тимови сочинуваат околу 13 проценти од граѓанските спортови во САД и проеск од 17 558 гледачи редовно ги посетуваат кошаркарските натпревари во НБА и тоа Чикаго Булс (22 103), Детроит Пистонс (22 076) и Кливленд Кавалиерс (20 499), со извонредни обложувања. Комбинираниот приход од 30 НБА тимови е околу 3.37 милијарди долари и е во пораст.
Женска национална кошаркарска асоцијацијаЖенската национална кошаркарска асоцијација (WNBA) поддржана од НБА започна во 1997 година. Иако имаше присуство на змиолики фикгури, неколку маркантни играчки (Лиза Лесли, Дајана Таураси и Кендис Паркер помеѓу другите), помогнаа да се развие популарноста на лигата и нивото на натпреварување. Други професионални женски кошаркарски лиги во САД како што се Американската Кошаркарска лига (1996 - 1998) се повлекоа поради популарноста на WNBA.
На WNBA се гледа малку како на вдлабната лига. Сепак, лигата од неодамна презеде напредни мерки. Во јуни 2007 година, WNBA потпиша продолжен договор со ESPN. Новиот телевизиски договор ќе трае од 2009 до 2016 година. Заедно со овој договор дојдоа и првите права за плаќање на такса на женската професионална спортска лига. После осум години од договорот, „милиони и милиони долари ќе се поделат помеѓу тимовите од лигата“. WNBA има поголема гледаност на националните телевизии (413 000) отколку заедно MLS (253,000) [11] и NHL (310,732) [12] што е добар знак за порастот на оваа лига.
Во членот од 12 март 2009 година, делегатот на НБА Дејвид Стерн изјави дека во лоша економија, "НБА е помалку профитабилна отколку WNBA. Губиме многу пари помеѓу големиот број на тимови. Ја финансираме WNBA за да ја скршиме дури оваа година ." [13]
Кошаркарска асоцијација на ФилипинитеКошаркарска асоцијација на Филипините е втората најстара професионална лига во светот. Првиот натпревар се одиграл на 9 април 1975 година во Аранета Колесумот во Кубао, Квезон Сити на Филипините. Откриена е како "бунт" на неколку тимови на сега веќе непостоечката Индустриска и трговска атлетска асоцијација на Манила, која беше строго контролирана од Кошаркарската Асоцијација на Филипините (сега веќе непостоечка), тогашната ФИБА призна национална асоцијација. Девет тимови од MICAA учествуваа во првата сезона на лигата која беше отворена на 9 април 1975 година.
Кошаркарска асоцијација на Филипините се карактеризира со неколку познати кошаркарски играчи како моменталните ѕвезди Гери Дејвид, Џејмс Јап, Марк Кагвиоа, Вили Милер, Кели Вилијамс, Сајрус Багио и многу други. Поранешни суперѕвезди на PBA се Алан Кејдик, Бенџи Парас, Роберт Јаровски, Рамон Фернандез, Франсис Арнез, Атој Ко, Богс Адорнадо, Филип Цезар, Алвин Патримонио, Јојо Ластимоса и многу други.
Меѓународна кошаркаМеѓународната кошаркарска федерација е формирана во 1932 година од осум држави основачки : Аргентина, Чехословачка, Грција, Италија, Летонија, Португалија, Романија и Швајцарија. Во тоа време организацијата контролираше само играчи аматери. Нејзиниот акроним е ФИБА, изведен од француското име на организацијата French Fédération Internationale de Basketball Amateur.
Машката кошарка првин беше вклучена во Олимписките игри во Берлин 1936 година и покрај тоа што биле одржани демострации за турнирот во 1904 година. САД ја поразија Канада во првото финале, играјќи на отворено. На ова натпреварување обично доминирале САД, чиј тим освојил три титули, првата загуба во контроверзното финале во Минхен во 1972 година против Советскиот Сојуз. Во 1950 година, првиот светски турнир на ФИБА се одржал во Аргентина. Три години подоцна, во Чиле се одржал првиот светски турнир на ФИБА за жени. Женската кошарка беше додадена на Олимписките игри во !976 година кои се одржале во Монтреал, Канада со тимови како што се Советскиот сојуз, Бразил и Австралија спротивставувајќи им се на американскиот состав.
Во поглед на Олимписките игриФИБА го изостави разликувањето помеѓу професионалните играчи и аматерите во 1989 година и во 1992 година професионалните играчи играа за прв пат на Олимписките игри. Доминацијата на САД продолжи со воведувањето на Дрим Тимот. Сепак, со развивањето на програми на друго место, други национални тимови започнаа да ги победуваат САД. Тимот составен од НБА играчи завршија шести во Светскиот шампионат од 2002 година во Индијанаполис, позади Југославија, Аргентина, Германија, Нов Зеланд и Шпанија. На олимписките игри во Атина 2004 година, САД го доживеаа нивниот прв олимписки пораз со професионални играчи, потфрлувајќи на Пуерто Рико (пораз од 19 поени) и од Литванија во групни натпревари и беа елиминирани од Аргентина во полуфиналето. Како резултат на тоа, тие го освоија бронзениот медал поразувајќи ги Литванија, и завршувајќи позади Аргентина и Италија.
Меѓународни ѕвезди во НБАКошаркарски турнири се одржуваат ширум светот за момчиња и девојчиња за сите возрасти. Светската популарност на спортот е означена со националности кои што се застапени во НБА. Играчи од целиот свет можат да се најдат во следниве НБА тимови:
Ѕвездата на Чикаго Булс, крилото Луол Денг е бегалец од Судан со живеалиште ви Обдеинетото Кралство.
Стив Неш којшто ги доби наградите MVP на NBA за 2005 и 2006 година е Канаѓенец роден во Јужна Африка.
Андреа Барњани од Торонто Рапторс, топ пик на NBA драфтот за 2006 година е од Италија.
Суперѕвездата на Далас Маверикс MVP на NBA за 2007 година Дирк Новицки е Германец
По Гасол од Лос Анџелес Лејкерс е од Шпанија
Топ пикот од вкупниот Драфт на NBA Ендрју Богут од Милвоки Бакс е Австралијанец. Исто така, почетникот за сезоната 2008 – 2009 Нејтан Џаваи е првиот роден Австралијанец којшто играл во лигата.
Центарот на Хјустон Рокетс Јао Минг е од Кина Ол-старот и поранешниот шампион за три поени Пеџа Стојакович е Србин. Ол-старот Андреј Кириленко е Русин. Чуварот на Феникс Санс Леандро Брабоса и предниот играч на Денвер Нуџетс Нене се Бразилци Големиот човек на Кливленд Кавалиерс Жидринас Илгаускас и Линас Клиза од Денвер Нуџетс се Литванци. Веројатно ниту еден тим не се поврзува со странци како што е Сан Антонио Спарс. Тројцата најзначајни играчи се интернационалците – Тим Данкан од Девствените острови на САД, Ману Џинобили од Аргентина и Тони Паркер од Франција. (Данкан се натпреварува за САД и меѓународно, бидејќи Девствените острови не формираа кошаркарски тим за меѓународно натпреварување, додека Данкан не започна да игра меѓународно и сите граѓани на Девствените острови на САД се по раѓање граѓани на САД) Сограѓанинот на Џинобили е Андрес Ночиони кој игра за Сакраменто Кингс. Дури во деведесетите години многу неамерикански играчи станаа имиња во NBA како што се Хрватот Дражен Петровиќ и Тони Кукоч, Србинот Владе Дивац, Литванците Авридас Сабонис и Сарунас Марчиулионис и Германецот Детлеф Шремпф.
Глобализација на кошаркатаСите натпреварувачки тимови во двата неодамнешни светски шампионати на ФИБА 2002 во Индианаполис и 2006 година во Јапонија, еднакво драматично ја покажува глобализацијата на играта. Само еден член од секој тим беше Американец, т.е. Кармело Антони во 2006 година. Тимот од 2002 година го сочинуваа Новицки, Џинобили, Јао Минг, Пеџа Стојаковиќ од Југославија (сегашна Србија) и Перо Камерон од Нов Зеланд. Џинобили исто така беше дел и од тимот од 2006 година, а други членови беа Ентони, Гасол, неговиот шпански колега Хорхе Гарбахоса и Теодорос Папалукас од Грција. Единствени играчи од истиот тим кои никогаш не заиграле во НБА се Камерон и Папалукас. Моќта на меѓународната кошарка е се гледа од фактот дека последните три ФИБА светски шампионати ги освоија Србија (Југославија во 1998година) и Шпанија.
Правила и прописиДимензиите и временските ограничувања разгледани во овој дел варираат помеѓу турнирите и организациите. Во овој дел се употребени меѓународни и правила на НБА.
Целта на играта е да се победи противникот преку фрлање на топката горе низ баскетот на противникот, додека се спречува истиот да го прави истото. Намерата да се погоди поен е наречена шут. Успешен шут вреди 2 поени, или три поени доколку ако е земена од другата страна на лакот за три поени кој пак е висок 6.25 метри (20 стапки и 6 инчи) од баскетот во меѓународни натпревари и 23 стапки и 9 инчи (7.24 метри) во НБА натпревари.
Правила за играњеНатпреварите се играат во 4 четвртини од 10 минути (меѓународни) или 12 минути (НБА). Универзитетските игри употребуваат полувремиња од 20 минути, додека пак средношколските натпревари употребуваат четвртини од осум минути. Период од петнаесет минути се употребува за пауза помеѓу полувремињата и две минути се дозволени за други одмори. Продолжените периоди се долги по пет минути. Тимовите ги променуваат мрежите пред второто полувреме. Дозволено е само времето кога се игра. Часовникот застанува кога играта не е активна. Оттука, натпреварите општо траат подолго сотколку времето за додадените периоди, вообичаено околу 2 часа.
Пет играчи од секој тим (регистер од 12 играчи) можат да присуствуваат на теренот. Замените се неограничени, но може да се извршат само кога играта е запрена. Тимовите исто така имаат и тренер, кој го надгледува развојот и стратегиите на тимот и другиот тимски персонал како што се помошници тренери, менаџери, статистичари, лекари и тренери.
И за машките и за женските тимови, стандардната униформа се состои од шорцеви и дрес со јасно видлив број, единствен во тимот, испечатен однапред и одназад. Играчите носат високи патики коишто обезбедуваат екстра поддршка за зглобот на ногата. Обично, имињата на тимовите, на играчите како и оние на спонзорите надвор од Северна Америка се испечатени на униформите.
Дозволено е само ограничен број на тајм-аути, стопирање на часовникот побарано од тренерот за кратки средби со играчите. Општо таквите прекини не се подолги од една минути, а за телевизиските натпревари пак, потребен е епп пауза.
Играта е контролирана од судии од коишто еден е арбитар (главниот судија во машките универзитетски натпревари и во НБА), еден или двајца судии (судии во машките универзитетски натпревари и во НБА) и записничари. За универзитетските натпревари, за НБА и за многу средношколски натпревари, постојат вкупно три судии на терен. Записничарите се одговорни за следењето на поените на секој тим, за задржувањето на времето и за индивидуалните или тимските фаули ,за замените на играчите, укажуваат на поседувањето на топката на тимот, како и часовникот за шутирање.
ОпремаЕдинствена основна опрема во кошарката е топката и игралиштето : рамна правоаголна површина со обрачи на спротивните краеви. Нивоата на натпреварување бараат употреба на повеќе опрема како што се часовници, табли за постигнатите поени, стрелки за измена на играчите и системи за оперирање со свирчето и стопирање на часовникот.
Пропишано кошаркарско игралиште во меѓународни натпревари е долго 28 метри а широко 15 метри (приближно 92 стапки со 49), а во НБА е 94 стапки со 50 (29 метри со 15м). Повеќето игралишта се направени од дрво. Челичен баскет со мрежа и табла е обесена на крајот од игралиштето. Во речиси сите нивоа на натпреварување, врвот на работ е точно 10 стапки (3.05 метри) горе на игралиштето и 4 стапки (1.2 метри) внатре во основната линија. Варирањето на димензиите на игралиштето и на таблата е можно, но се смета за важно баскетот да биде поставена на точната висина, Работ којшто е помал а неколку инчи може да има спротивен ефект врз шутирањето.
Исто така постојат прописи за тоа колкави треба да бидат димензиите на топката. Ако играат шени, официјалната големина на топка е 28.5 инчи (големина 6) и тежина од 20 унци. За мажи, официјалната топка е со опсег од 29.5 инчи (големина 7) и тежина од 22 унци.
ПрекршоциТопката може да биде водена кон баскетот со шутирање, додавањ помеѓу играчите, исфрлена, тапкана, тркалена или дриблувана (удирање на топката при трчање).
Топката мора да остане внатре на теренот. Тимот кој последен ја допира топката пред да излезе надвор од теренот, го губи правото на поседување. Топката е надвор ако ја допре или премине преку граничната линија. Ова е спротивно кај другите спортови како што се фудбалот, одбојката и тенисот (но не и рагби или Американски фудбал), каде топката (играчот) сѐ уште се смета за внатре, доколку кој бил нејзин дел ја допре граничната линија.
Водителот на топката може да не ги движи двете стапала без дриблинг, познато како патување, ниту пак тој може да дрибла со двете раце или да ја фати топката помеѓу дриблизни, прекршок наречен двоен дриблинг. Тимот штом еднаш воспоставил контрола над топката на предната половина од игралиштето, не може да ја врати топката назад од игралиштето. Топката не може да биде удрена или фатена со тупаница. Прекршувањето на овие правила резултира со загуба на топката, или ако е направено од одбраната, тогаш часовникот се ресетира.
Постојат ограничувања за потребното време на водење на топката на половина игралиште (8 секунди во меѓународни натпревари и во НБА), 10 секунди во НУАА и средните училишта, пред да се шутира (24 секунди во НБА, 30 секунди за жени во НУАА лигата и за двата пола во Канадските Интеруниверзитетски спортови и 35 секунди во машките натпревари од НУАА)., држејќи ја топката чувана (5 секунди) и останувајќи во забранета зона (лентата или клучот) (3 секунди). Овие правила се дизајнирани за да се воведе повеќе напад.
Ниту еден играч не трреба да се меша со баскетот или со топката на нејзиниот надолен лет кон баскетот, или додека е на работ (или во НБА, додека директно е горе на баскетот, прекршок познат како голтендинг (стремеж за постигнување поен). Доколку одбранбен играч има стремеж за постигнување на поен, шутот се смета за успешен. Доколку соиграчот на оној којшто шутира се стреми за да постигне поен, играта е откажана, па така топката се додава на одбранбениот тим.
ФаулиНамерата нечесно да се онеспособи противникот преку физички контакт не е исправна и се нарекува фаул. Овие фаули најчесто се направени од одбранбените играчи. Сепак, истовремено може да се направат и од напаѓачи. Играчите кои се фаулирани добиваат топка за да ја предадат од крајот на игралиштето, или добиваат еден или повеќе слободни фрлања ако се фаулирани во моментот на шутирање, во зависност од тоа дали шутот бил успешен. Еден поен се доделува за успешно слободно фрлање, кое се изведува од линијата од 15 стапки (4.5 метри) одалечено од кошот.
Играч или тренер кој покажува неспортско однесување, на пример ако се кара со судијата или се тепа со друг играч, може да му се препише сериозен фаул наречен технички фаул. Казната вклучува слободни фрлања, за разлика од личната грешка каде тимот може да одбере кој играч да ги изведе слободните фрлања и е различна кај различни лиги. Повторените инциденти резултираат со дискфалификување. Несмасните фаули со претерани или кај кои целта не е игра со топка се наречени неспортски фаули (или бесрамни фаули во НБА) и резултира со исклучување.
Ако тимот надмине извесен број на тимски грешки за определен период (четвртина или полувреме) – четири за НБА и за меѓународните натпревари, па така на спротивниот тим му се доделуваа едно или две слободни фрлања за сите последователни грешки за тој период , а бројот на фрлањата зависи од лигата. Во универзитетите во САД, доколу тимот надмине над 7 фаули на полувреме, на спротивниот тим му се доделува 1на 1 слободно фрлање (на играчот што дал едно фрлање му се дава и второ). Ако тимот надмине над 10 фаули на полувреме , на спротивниот тим му се одделуваа две слободни фрлања за сите последователни фаули на полувреме. На меѓународни натпревари, доколку играч направи 5 фаули (вклучувајќи и технички грешки), или пак во НБА доколку направи 6 фаули (без технички грешки) не му се дозволува да го продолжи натпреварот и за него се вели дека е "направил фаул".
Доколку тимот направил одреден број на фаули, се вели дека е "казнен". На часовникот за поени, тоа обично се означува со светол индикатор кој покажува "Бонус" или "Казна", со осветлена стрелка која насочува дека тимот треба да добие слободни фрлања кога е фаулиран од спротивниот тим. Некои часовници исто така го покажуваат и бројот на направените фаули).
Бројот на доделените слободни фрлања се зголемува со бројот на направените фаули. Во почетокот се доделува едно слободно фрлање, но после неколку извршени дополнителни фаули, спротивниот тим добива а) едно слободно фрлање со можност за второ, ако е направено првото слободно фрлање, наречено "едно плус едно " или б) две слободни фрлања. Ако тимот го промаши првио удар (или "преден крај") или ситуација еден на еден , спротивниот тим се жали за топката и продолжува да игра. Ако тимот го промаши првиот удар од ситуација на две фрлања, спротивниот тим мора да чека додека не се изврши вториот удар пред да се жали за топката и да продолжи да игра.
Ако играч е фаулиран додека се спрема за шутирање и шутот е неуспешен, на играчот му се доделува број на слободни фрлања еднаков на вредноста на ударот. Играч којшто е фаулиран додека се подготвува за нормално шутирање за два поени, тогаш тој добива две слободни фрлања. Од друга страна пак, играч којшто е фаулиран додека се спрема да шутира за три поени, добива три слободни фрлања.
Додека играчот е фаулиран додека се спрема за шутирање, а шутот е неуспешен, тогаш нему му се доделува едно дополнително слободно фрлање за еден поен. Во комбинација со обичен шут, ова се нарекува "игра на три поени" (или поразговорно "и еден"), бидејќи фаулот бил направен под мрежата (2 поени) и дополнително слободно фрлање (1 поен). Игри со четири поени, иако се ретки, можат да се случат.
Најчести техники и практикиПозиции и структури
Иако правилата не одредуваат какви било позиции, сепак тие се развија како дел на кошарката. За време на првите пет децении од развитокот на кошарката, се употребувале еден чувар, двајца предни играчи и двајца центри или двајца чувари, двајца предни играчи и еден центар. Од 1980 година, се развија поспецифични позиции т.е. :
1. поинт гард (клучен чувар) : обично е најбрзиот играч во тимот, којшто го организира нападот на тимот контролирајќи ја топката и обезбедувајќи ја до вистинскиот играч во вистинското време. 2. шутинг гард : создава бројни удари во напад, го чува најдобриот периферен одбранбен играч од спротивниот тим. 3. Мал форвард : често е одговорен за постигнувањето на поени преку пресекување на топката и дриблинг пробивање, барајќи во одбраната скокови и кражби на топки, но понекогаш игра многу активно. 4. Пауер форвард : често игра во напад свртен со грбот кон баскетот, во одбрана игра под кошот (во одбранбената зона), или против спротивниот пауер форвард (човек на човек одбрана ) 5. Центар : ја користи големината за да поентира (во напад), за да го заштити одблиску кошот (во одбрана) или да скока.
Горните описи се променливи. Некогаш, тимовите ќе одберат да употребат тројца напаѓачки чувари, заменувајќи еден од форвардите или центарот со трет гард. Најчестите разменувачки позиции се поинт гард и шутинг гард, посебно ако двајцата играчи имаат добри лидерски способности и способности да управуваат со топка.
Постојат две главни одбранбени стратегии : одбранбена зона и одбрана човек на човек. Одбранбената зона вклучува играчи кои играат на одбранбени позиции, без разлика каков играч од противникот се наоѓа таму. Во одбраната човек на човек, секој одбранбен играч чува посебен противник и се обидува да го спречи од преземање акција.
Напаѓачките игри се различни, нормално вклучуваат планирани додавања и движења на играчите без топка. Брзо движење на напаѓач без топка да добие погодна позиција се нарекува скратување. Дозволената намера на напаѓачот да го спречи противникот со испречување на патот на одбранбениот играч, така што неговиот соиграч го пресечува патот до него, се нарекува скрин или пик. Двете игри се комбинирани во пикенрол, во кој играчот создава пик и тогаш го мота/тркала пикот понатаму во правец на кошот. Скриновите и скратувањата се многу важни во нападите. Ова дозволува брзи додавања и тимска работа која може да доведе до успешна кошарка. Тимовите скоро секогаш имаат планирано неколку напади за да осигураат дека нивно движење е непредвидливо. На терен поинт гардот е обично одговорен кој покажува која игра ќе се случи.
Напаѓачките и одбранбените структури повеќе се нагласени во повисоките нивоа на кошарка. Таму, тренерот нормално бара тајм-аут за да разговара.