Иако се претпоставуваше дека жените кои се во дваесеттите години најмногу уживаат во сексот, сепак, се покажа дека.
... не е така.
Новите истражувања покажуваат дека припадничките на понежниот пол, најубавите моменти во спалната соба всушност ги минуваат во четвртата деценија од својот живот.
Научниците кои спровеле студија во која 900 жени одговарале на прашања за сексуалниот живот, утврдиле дека дамите во своите триесетти и четириесетти се свесни поради својот биолошки часовник, и даваат се од себе да го надокнадат изгубеното време.
Освен тоа, тие се многу посигурни во себе од 20-годишниците и се трудат своите фантазии да ги претворат во стварност. Имаат силно сексуално либидо, полни се со енергија и сакаат да флертуваат и знаат да се забавуваат со мажите.
Во оваа студија е утврдено дека во сексот најмногу уживаат жените на возраст од 27 до 45 години, кога и имаат најквалитетен сексуален живот.
Жените во тие години имаат поредовен секс, и се поотворени за флертување и експерименти.
Во студијата е забележано и дека откуцувањето на биолошкиот часовник влијае на самодовербата на жените, кои се почесто се одлучуваат на врски со млади мажи.