Иранската влада издаде "каталог" на прифатливи машки фризури. Во случајов, не се работи за последна мода, туку...
... за закон, и тоа се единствените фризури кои ќе бидат прифатливи за ирачките власти.
Со намера што повеќе да се намали влијанието од западот, ирачкото министерство за култура го претстави новиот каталог на прифатливи фризури.
Фризурите на страна, уредно потшишаната коса па дури и во стилот на Елвис Присли се дозволени, но строго е забрането мажите да имаат долга коса, реп, или таканаречените еж фризури.
Користењето на гел, лак за коса и останатите препарати за зацврстување не се забранети, но мора да се користат во разумни количини, а судејќи според фотографиите кои ги престави министерот, сите мажи секогаш би требало да бидат уредни избричени.
Инаку во Иран последниве неколку години се затворени неколки фризерници и бербери бидејќи подржувале западен стил на шишање, пренесува "Daily Telegraph".
Иранската полиција редовно прави контроли по улиците на градовите.
На мажите не им е дозволено да носат облека која потсетува на западот, па дури и краватите се гледаат со сомнеж, со оглед на тоа што тие се сметаат за симбол на западната декаденција.
На жените исто така им е забрането да одат во кратки мантилчиња, односно облека за која би можело да се помисли дека е провокативна.