kokta Член
Број на мислења : 135 Join date : 2009-10-12 Age : 35 Местолокација : Skopje
| Предмет: Највисок шатор на светот Вто Jул 13, 2010 5:26 pm | |
| Највисокиот шатор на светот, во кој има трговски центар, забавен парк и плажа, во вторник се отвора за посетители, објави Би-Би-Си. Центарот Кан Шатир, што го подигна британската архитектонска компанија Фостер и партнерите, се наоѓа во Астана, главен град на Казахстан, и е висок 150 метри. Шаторот се отвора на 70-тиот роденден на претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев, и на 13 годишницата на Астана како главен град на таа азиска земја. Кан Шатир е поставен на 20 метри висока бетонска основа, е највисок објект во Астана и највисок шатор на светот. Во него се наоѓаат и продавници, ресторани, кина... Внатрешноста на големиот шатор, чија изградба траела четири години, е заштитена од температурните промени кои во Астана се драстични - од 30 степени на лето до минус 30 степени во зима. | |
|