Германскиот концептуален уметник ХА Шулт направил во Рим прв хотел од отпад, на само неколку чекори од Ватикан.
Шулт од 12 тони отпад, собрани по плажите на европските брегови, ги направил надворешни зидови на објектот.
Отпадот е исчистен во Германија пред да биде пренесен во Рим за да се искористи за овој проект.
Лименките, автомобилските гуми, старите весници, фотоапарати, како и фудбалски топки ја “красат“ внатрешноста на хотелот.
Шулт се надева дека неговиот уметнички проект ќе го привлече вниманието на количеството отпад и ќе ги соочи луѓето со тој проблем.
“Живееме во време на отпад. Го произведуваме и во отпад ќе се претвориме“, изјавил Шулт, кој хотелот го изградил по повод Светскиот ден за заштита на околината.
Објектот изгледа како и секој друг хотел, но нема вода и струја.