kokta Член
Број на мислења : 135 Join date : 2009-10-12 Age : 35 Местолокација : Skopje
| Предмет: Откриен е нов гигантски пајак Вто Jул 13, 2010 5:52 pm | |
| Научниците откриле сосема нов вид на џиновски пајак на Блискиот исток, кој се крие под пустинскиот песок на израелско – јорданската граница. Должината на неговите нозе изнесува 15 сантиметриа наречен е Cerbalus Aravensis и претставува најголемиот вид на пајак на блискиот исток. Вистинска рткост е да се пронајде нов вид на пајак, барем во овој дел од светот и со тоа да е уште и толку голем, кажал биологот Ури Шамас, од Универзитетот Хаифа Ораним во израел, кој открил нов вид на пајак. Многу од тоа претставува мистерија кај овој огромен пајак, но научниците забележале и приметиле дека воглавно се движи ноќе, поради неверојатно глемата топлина преку ден. Cerebalus живее во подземно живеалиште, чиј влез има камуфлирана врата, која се отвора нагоре, а пајакот е доста трпелив ловец, кој може одеднаш долго време камуфлиран без да се помрдне да чека да му се приближи пленот, дали гуштер или комарец. Сепак, Шанас тврди дека овој нов вид на пајак е во голема опасност, бидејќи неодамна израелската влада го одобрила рударскиот проект во наведениот регион, кој би можел овој вид да го избрише од лицето на земјата. | |
|