Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Информативен форум
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Tутун

Go down 
АвторПорака
kokta
Член
Член
kokta


Број на мислења : 135
Join date : 2009-10-12
Age : 35
Местолокација : Skopje

Tутун Empty
ПишувањеПредмет: Tутун   Tутун EmptyВто Jул 13, 2010 6:05 pm

Tутун 34352_1514704670340_1316144749_1363672_1016131_n
Тутун (од тур. Tütün, лат. Nicotiana) е род на кратколисни растенија од фамилијата Зрнци по потекло од Северна и Јужна Америка, или сушените остри листови на овие растенија. Тутуновите листови често се пушат (видете пушење тутун) во облик на пури. цигари, во луле или наргиле. Ова е потенцијално штетно за белите дробови и може да предизвика рак и заболувања на истите, како да речеме астма. Тутунот може и да зе џвака, „макнува“ (става помеѓу образот и непцето) и вшмркува во нос како фино мелен бурмут. Највеќето уживатели на тутунот во било кој облик навлекуваат навика да го користат секој ден.Тутунот содржи никотин, силен невротоксин кој е особено опасен за инсектите. Секој начин на земање на тутун резултира со апсорпција на никотин во разни количества во крвотокот на уживателот, и со време, развиток на толеранција и зависност. Количеството на апсорпција, неговата честота и брзина се тесноповрзани со мерата на зависност и толеранција (доколку ги има) која може да се создаде. Смртоносна доза на никотин има во половина пура или три цигари; меѓутоа, само мал дел од никотинот во овие производи оди во чадот и речиси сите случаи на никотинско труење се резултат ана концентрирани облици на состојката која се користи кај инсектицидите. Други активни алкалоиди во тутунот се хармалините.Долготрајното пушење со себе носи ризици за развој на разни ракови и срцеви удари, како и тешки кардиоваскуларни и дишни болести. Пушењето може да доведе и до значително пократок живот. Многу земји имаат забрана за пушење со цел за намалување на потенцијалнатата штета врз здравството како резултат на пушење тутун. Прилично зголемениот ризик за развој на рак се должи на плетора од нитросамини и други канцерогени состојки кои се наоѓаат во тутунот и неговите остатоци заради анаеробно загревање, заради пушењето или начинот на сушењето на тутунот на оган. Некои методи на сушење на тутунот го зголемуваат ризикот на орален рак. Наспроти тоа, со употреба на парен тутун (снус) се избегнува канцерогеноста со тоа што не се лачат нитросамини, но штетните ефекти врз кардиоваскуларниот систем и панкреасот остануваат исти.

Индијанците го користеле тутунот пред надоаѓањето на европјаните во Северна и Јужна Америка. Од нив, раните европски доселеници научиле да пушат и ја донеле оваа практика во Европа, каде таа станала енормно популарна. При екстремно високи дози, тутунот станува халуциноген; затоа индијанците обично не го користеле тутунот од рекреациони причини. Наместо ова, тие го користеле во огромни количини како ентеоген; ова оично било изведувано од искусни шамани или врачеви. Покрај пушењето, тутунот се користел несушен за јадење, пиење на неговиот сок, или употребуван при клизма. По воведувањето во европа, ваквата употреба на тутунот значително се намалила. И ден денес, религиозната употреба на тутунот е честа кај домородците, особено оние во Јужна Америка.Со доаѓањето на европејците, тутунот станал една од главните стопански производи кои биле двигатели на колонизацијата во југот на Северна Америка, долго пред создавањето на Соединетите Американски Држави. Првичата колонијална експанзија била придвижена токму од тутунската индустрија, и истата била причина за еден од првите колонијални конфликти помеѓу индијанците, како и водечка причина за употребата на африкански робови.Во 1609, Џон Ролф пристигнал во Џејмстаун во Вирџинија. Тој се смета за првиот човек кој успешно одгледувал тутун за комерцијални цели. Во тоа време тутунот кој се одгледувал во Вирџинија, Nicotiana rustica, не им се допаѓал на европејците, но Ролф со себе имал понесено некои семиња од Nicotiana tabacum од Бермуда. Накратко по неговото пристигнување, неговата прва жена починала, и тој се оженил за Покахонтас, ќерка на поглавицата Поватан. Иако речиси сите доселеници биле сосема незинтересирани за тутунот, Ролф се обогатил одгледавајќи го за извоз во плантажите во Варина. Потоа тој отишол во Англија со Покахонтас, веќе како богат човек. По смртта на Покахонтас во Англија, тоај се вратил во Џејмстаун и продолжил со подобрување на квалитетот на тутунот. Веќе во 1620, 40,000 фунти (околку 18 тони) биле испратени во Англија. Во времето на неговата смрт во 1622, Џемјстаун бил просперитетно тутунарско место со максимално население од 4,000 жители. Токму тутунот довел до увоз на робови од африка и жени од Англија во 1619.

На оваа слика од 1670 поробени црнци работат во тутунски стреи на колонијален тутунски монополУвозот на тутунот во Европа не поминал мазно, дури и во XVII век. Кралот Џејмс I на Англија и Џејмс VI на Шкотска) напишал славна полемика со наслов Противудар за тутунот (A Counterblaste to Tobacco) во 1604 (издадена во 1672). Во овој есеј, кралот најостро го критикува пушењето и неговите штетни последици. Истата година бил донесен статут со кој се наплаќала голема заштитна царина на секоја фунта тутун увезена во Англија.Во текот на XVII и XVIII век, тутунот и понатаму останал најпрофитната стока на колонијата Вирџинија, заедно со Каролините. Тутунските магацини биле мошне бројни крај пристаништата во сега просперитетните градови Ричмонд и Манчестер на т.н. падна линија (главата на устието) на Џејмсовата река и Питерсбург на реката Апоматокс.Сѐ до 1883, данокот на тутун сочинувал една третина од внатрешните приходи на владата на САД.Како профитабилна култура, тутунот има подлежано бројни биолошки и научни истражувања. Економското влијание на болеста наречена Тутунски мозаик бил стимулот кој довел до изолација на тутунскиот мозаичен вирус, првиот востановен вирус; среќна околностѕ е тоа што ова е една од најпростите вирози и може да се самосостави од пречистена нуклеинска киселина и протеин, што довело до забрзан развиток на вирологијата. Во 1946 Нобеловата награда за хемија била споделена од Вендел Мередит Стенли за неговата работа на кристализација на вирусот од 1935, притоа покажувајќи дека дури и во тој случај, тој останува активен.
Вратете се на почетокот Go down
 
Tутун
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Пуканки :: ЗАБАВА :: Занимливости-
Отиди до: