Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Информативен форум
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Човекот-гуштер од мочуриштето Скејп Оре

Go down 
АвторПорака
kokta
Член
Член
kokta


Број на мислења : 135
Join date : 2009-10-12
Age : 35
Местолокација : Skopje

Човекот-гуштер од мочуриштето Скејп Оре Empty
ПишувањеПредмет: Човекот-гуштер од мочуриштето Скејп Оре   Човекот-гуштер од мочуриштето Скејп Оре EmptyНед Jул 11, 2010 4:25 am

Човекот-гуштер од мочуриштето Скејп Оре Ezero

Човекот-гуштер од мочуриштето Скејп Оре е хуманоиден криптид (суштество за кое се претпоставува дека постои но се уште не е научно докажано) за кое што се зборува дека ги населува мочуришните области во и околу Ли Каунти, Јужна Каролина, САД. Според легендите тој е над два метри висок, оди исправено и е цврсто граден со зелена лушпеста кожа и светкави портокалови очи. Се вели дека има по три прсти на рацете и нозете кои што завршуваат во кружни перничиња на врвовите со помош на кои се лепи на ѕидовите. Ова суштество за прв пат било забележано од Кристофер Дејвис, локален седумнаесетгодишник, кој што изјавил дека налетал на него додека се возел дома од работа во два часот по полноќ на 29. Јуни 1988. Според неговите кажувања, Дејвис застанал на патот крај мочуриштето за да ја смени издишаната гума. Во моментот кога привршувал со менувањето слушнал силен шум зад него, и кога се свртел го забележал чудовиштето како трча кон него. Дејвис раскажал дека суштеството во последен момент се дофатило до автомобилот и се качило на покривот додека тој се обидувал да избега од него, и потоа висело на покривот додека Дејвис правел остри цик-цак движења трудејќи се да го отфрли од автомобилот. Кога се вратил дома, забележал дека страничниот реттровизор бил доста оштетен, а исто така нашол и драсканици по покривот од автомобилот. Но освен тоа, немало други показатели за наводната средба со чудовиштето.
Наредниот месец откако Дејвис го забележал мистериозното суштество, следувале уште известија за големо суштество кое наликувало на гуштер, како и за невообичаени гребаници и отпечатоци на гризнувања врз автомобилите кои биле паркирани во радиус од 5km близу мочуриштето.Две недели по случката со Дејвис шерифот направил гипсени отпечатоци од она што изгледало како стапки од стапала со три прсти- во должина од 360mm, но решиле да не ги праќаат во FBI на понатамошна анализа откако биолозите ги советувале дека тие не мжат да се класифицираат. Потоа видувањата и општата еуфорија по суштеството опаднала, за повторно да биде видено од една жена во октомври 2005, а во февруари 2008 повторно биле забележани чудни траги врз автомобилот на Боб и Дикси Росон, кои што забележале и дека некои нивни мачки се исчезнати. Трагите од крв најдени на автомобилот биле пратени на анализа по што било утврдено дека припаѓаат на куче.
Две декади по првото видување на чудовиштето, луѓето се уште се прашуваат дали тоа е вистина, или пак луѓето кои што наводно го виделе се психички лабилни личности, или пак се работи само за добар рекламен трик за привлекување на туристи. Некои дури сметаат дека според тоа што суштеството оди на задните нозе и има три прсти, би можело да се работи за преживеан вид на диносаурус!
Вратете се на почетокот Go down
 
Човекот-гуштер од мочуриштето Скејп Оре
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Откриена нова врста на летачки гуштер

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Пуканки :: СЕКОЈДНЕВНИ ДИСКУСИИ :: Мистерии-
Отиди до: