
Вкусот на храната зависи од зачините, мајсторската подготовка, како и естетскиот изглед на храната, но архитектонскиот додаток е токму она што совршеното јадење ќе го донесе на многу повисоко ниво.
Доколку сте заинтересирани за некое ново искуство, може да ги посетите следните неверојатни локации.
“Quick-n-Quirky” - овој ресторан се заснива на спирали и во целост автоматизиран систем на шини. Храната автоматски преку тој систем пристигнува до гостите.
Ресторан на дрво - овој ресторан се наоѓа на шест метри над земјата. Гостите до него можат да дојдат само со лифт.
Малдивски морски спектакл - Малдивскиот ресторан нуди хипнотички поглед на океанот. Ресторанот чини пет милиони долари и претставува вистинско богатство лоцирано на пет метри длабочина во Индискиот океан.
Цените во ресторанот, исто така, се неверојатни - 120 долари ручек, 250 долари вечера. Но и покрај ваквите цени, некои сметаат дека за ова доживување вреди да “заглавите“ на картичката.
Архипелаг дизајн - Францускиот дизајнер Матали Красе дошол на идеја да креира впечатлив ресторан, кој нуди модерна интерпретација на архипелаг со неколку зони за ручање. Се наоѓа во срцето на шопинг центарот “Каб 3000“, во градот Сен Лорен де Вар.
Ресторан меѓу облаците - доколку се плашите од височина, подобро би било да не го посетувате овој ресторан. Креиран од една белгиска компанија, подвижен и на посетителите им нуди секој пат различен поглед. Цената за посета на овој ресторан изнесува 30 илјади долари.