Во Сахара во југоисточниот дел на Мароко пронајден е фосил на нова врста летачки гуштер (птеросаурус).
Рептилот имал големи крила и можел да лета, а се хранел со пленот што го ловел од земјата.
Имал вилица во облик на клун, без заби, како и крилја чиј дијаметар достигнувал до шест метри.
Научниците сметаат дека станува збор за најстар предок на фамилијата птеросаурус.
Пленот им биле гуштери и мали диносаурси.
Фосилите од оваа врста се многу ретки, затоа што многу тешко може да се сочуваат заради кршливоста на коските, пренесуваат странските медиуми.