Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.


Информативен форум
 
HomeHome  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Научниците предупредуваат: Сонцето се буди од сонот - се ближи бура

Go down 
АвторПорака
kokta
Член
Член
kokta

Број на мислења : 135
Join date : 2009-10-12
Age : 30
Местолокација : Skopje

Научниците предупредуваат: Сонцето се буди од сонот - се ближи бура Empty
ПишувањеПредмет: Научниците предупредуваат: Сонцето се буди од сонот - се ближи бура   Научниците предупредуваат: Сонцето се буди од сонот - се ближи бура EmptyНед Jул 11, 2010 7:38 pm

Научниците предупредуваат: Сонцето се буди од сонот - се ближи бура SuncekometNASA

Сонцето наскоро ќе стане многу поактивно, а луѓето денес се многу зависни од технологијата која би била стопена од Сончевата бура. Затоа научниците оваа недела се собрале во Вашингтон за да ги разгледат можностите за одбрана.

Сончевите бури се случуваат кога сончевите зраци еруптираат во вселената и испраќаат колони од наелектиризирани честички. Тоа може сериозно да ја оштети енергијата на нашата планета. Активноста на сонцето обично е пропратена од циклус од 11 години и изгледа дека сега нашата ѕвезда преминува од мирна во активна фаза.

Сонцето се буди од: сон

"Сонцето се буди од длабокиот сон и во наредните години очекуваме многу поголема активност, нашето технолошко општество е многу чувствително на невреме. Спојувањето на тие два проблеми е темата за која разговараме" - кажал Ричард Фишер од НАСА.

Луѓето во 21 век ја користат технологијата за да си го олеснат секојдневниот живот. Но струјната мрежа, GPS, финансиските услуги, интернетот, радиото и телевиизјата може да претрпат сериозна штета во случај на Сончева бура.

Се проденува дека една ваква бура би можела да предизвика 20 пати поголема штета од Катрина, но добро е тоа што може да се избегне ако се знае дека бурата се наближува. Затоа е многу важно да се прати активноста на Сонцето. Привременото исклучување на електронските уреди може да ги спаси од бурата.

Вселенска метереологија:

Развојот на технологијата не е само предност, туку и опасност. Моментално временската зона на Сонцето може да се прати подобро од кога и да било порано. Клучна улога имаат STEREO (Solar Terrestrial Relations Observatory), две летала сместени од двете страни на Сонцето, а помага и ново лансираниот SDO и заедно со некои стари сателити има подобри податоци за Сонцето од порано.

Научниците кажале дека се наоѓаме на прагот на нова ера, во која вселенската метереологија е подеднакво важна како и земјината.

Вратете се на почетокот Go down
 
Научниците предупредуваат: Сонцето се буди од сонот - се ближи бура
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Пуканки :: ЗАБАВА :: Занимливости-
Отиди до: