Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Информативен форум
 
HomeHome  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Тајната на Кинескиот ѕид

Go down 
АвторПорака
kokta
Член
Член
kokta

Број на мислења : 135
Join date : 2009-10-12
Age : 31
Местолокација : Skopje

Тајната на Кинескиот ѕид Empty
ПишувањеПредмет: Тајната на Кинескиот ѕид   Тајната на Кинескиот ѕид EmptyНед Jул 11, 2010 7:44 pm

Тајната на Кинескиот ѕид Img71254815

Лепливиот ориз кој работниците за време на династијата Минг го употребувале како малтер е големата тајна на издржливоста на Кинескиот ѕид откриваат кинеските научници.

„Големиот кинески ѕид е изграден пред 600 години, а за изградбата се користела мешавина на паста од леплив ориз и вар“, откри Жанг Бингјиан, професор по хемија на Универзитетот Хангжу. Лепливиот малтер од ориз толку силно ги поврзал циглите, што на некои места се уште нема траги од оштетување.

Тој открива дека древниот малтер е специјален вид на органска и неорганска мешавина. Органската смеса е амилопектин, односно мешавина со леплив ориз, додека неорганската смеса е калциум карбонат.

Употребата на леплив ориз во време на династијата Минг претставувало најголемо техничко достигнување, кое се користело и во изградбата на гробници и ѕидови отпорни на земјотреси, пренесува „Daily Telegraph“.

За жал, граѓаните на јужна Кина се тие кои најмногу страдале во тој период, бидејќи целиот ориз им бил запленуван за да се нахранат работниците и да се изработи посебниот малтер.
Вратете се на почетокот Go down
 
Тајната на Кинескиот ѕид
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Пуканки :: ЗАБАВА :: Занимливости-
Отиди до: