Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Информативен форум
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Почеток на нано-технологијата

Go down 
АвторПорака
kokta
Член
Член
kokta


Број на мислења : 135
Join date : 2009-10-12
Age : 34
Местолокација : Skopje

Почеток на нано-технологијата Empty
ПишувањеПредмет: Почеток на нано-технологијата   Почеток на нано-технологијата EmptyНед Jул 11, 2010 10:18 pm

Американскиот научник и футуролог Рејмнонд Курзвел еднаш изјави дека со посредство на нанотехнологијата за 20 години ќе станеме неуништливи. Т.е. дека нанороботите кои поседуваат вештачка интелигенција, вбризгани во нашите тела, ќе бидат способни да го спречат речиси секој генетски недостаток или штетно влијание од околината.
Почеток на нано-технологијата Nanotechnology-kd-001

Дали овие тези ќе се покажат вистински ќе покаже времето, но едно е сигурно - нанотехнологијата веќе денес се наоѓа во секое домаќинство и нејзината употреба во широк спектар на човечките дејности само ќе се зголемува во годините кои доаѓаат.

Иако во јавноста постои перцепција дека нано-производите се нешто што припаѓа на далечната иднина и научно-фантастичните филмови, факт е дека оваа технологија се применува уште од Втората светска војна. За развојот на нанотехнологијата и очекувањата од неа, разговаравме со Хрвоје Зорц од Институтот „Руѓер Бошковиќ“, кој воедно е и директор на Заводот, во кој со години се занимаваат со оптика на тенки слоеви.

Примената на нанотехнологијата во различни гранки на науката почнала уште пред 60 години, наведува Хрвоје Зорц. Уште тогаш во внатрешните страни на топовските цевки се наоѓале честички кои во својата структура биле нано материјали, а чија цел била зголемување на цврстината на челикот. Исто така од тоа време позната е примената на проѕирни тенки слоеви на стаклата на пилотските кабини, со дебелина од неколку стотици нанометри, кои спречувале замрзнување на стаклата на авионите.

Иднината веќе почна, тврди Хрвоје Зорц објаснувајќи дека многу предмети во домаќинствата ширум светот веќе денес содржат такви „мали“ честички. Така на пример, големината на компонентите внатре во компјутерскиот процесор се повеќе се намалува, на очилата и објективите на фотоапаратите и камерите се наоѓаат се потенки антирефлексивни слоеви, а може да се најдат и во УСБ стиковите и ласерите.

- Понатамошен развој на нанотехнологијата се очекува во био науките, посебно во медицината каде сите веруваме дека ќе дојде време кога посебно конструирани нано честички како мали роботи ќе ги исправаат грешките на нашата ДНК, која постојано помалку се пореметува од различни влијанија и на тој начин ќе спречува канцерогени процеси во организмот, вели Зорц и додава дека се очекува такви нано роботи да се пијат како чаша сок, како и тоа дека во нив може да се програмира и значително забавување на стареењето. Секако, тоа не би биле нано роботи со батерии и пипци кои програмирани би ја кроеле нашата ДНК, туку тоа би биле одредени видови молекули со рецептори програмирани за одредена функција.
Почеток на нано-технологијата Nanotechnology

Иако може да се мисли дека таквиот развој на технологијата може да реши многу светски проблеми, тој истовремено отвора и многу прашања. На пример, на сите да ни се продолжи животниот век за 50 години, да станеме имуни на повеќе болести и да изгледаме 20 години помлади - цел која се смета за неисполнет сон - што би се случило со пренаселеноста, земјините ресурси или загадувањето на околината. Замислете го небото над Токио, кога по улиците на тој град би возеле дупло повеќе возачи од денес кои живеат во таа светска метропола.

Поради тоа, наведува Зорц, ако дојде до такви промени „тие ќе мора да следат сложена легислатива, која за сега е незамислива за многумина“.

- Што се однесува на ситуацијата во медицината денес, примената на нанотехнологијата е видлива во лекови со контролирано опуштање на активни ткива при што т.н. наноцевчиња се полнат и празнат во различни спојки, истакнува Хрвоје Зорц, додавајќи дека може да се очекува и слична примена во козметиката во блиска иднина, при што таквите третмани скапо ќе се наплатуваат.

Тешко може да се предвиди што ќе се случува понатаму, смета Зорц, но додава дека е сигурно дека ќе се намалува периодот меѓу некое откритие и потоа негова масовна експлоатација. Како што некогаш од откривањето на ласерот морале да поминат 40 години, додека не влегол во нашите домови, или 30 години додека заживеале оптичките слоеви на камерите на нашите мобилни телефони, така секој иден период ќе биде се помал и помал.

Нанотехнологиите начелно треба да бидат „зелени“ технологии, но од нив може да се појават многу опасности ако дојде до нивна злоупотреба, грешки во производствениот процес или погрешна примена.
Почеток на нано-технологијата Gold-nanotech-2

Токму поради тоа со тие опасности мора да се запознаат пред се тие кои ќе развиваат производи темелени на нанотехнологии, а потоа и крајните корисници бидејќи целосното и точното информирање на јавноста е една од главните обврски на науката, тврди Зорц и предупредува дека на пример, азбестот масовно се употребувал во 50 години од минатиот век, се додека не се забранил во повеќе земји.

И на крајот остануваат многу прашања, а можностите кои ги открива нанотехнологијата навистина се големи. Иднината ќе покаже колку од тоа ќе се оствари и колку човештвото, но и Земјата ќе профитира од таа технологија.

Центар за нанотехнологија

Според тезите на Хрвоје Зорц, постои идеја за основање на Центар за нано наука во Хрватска, во кој стационираната опрема 24 часа би била на располагање на научниците, т.е. на тие кои по своето образование стекнале право и вештина на ракување со инструментите.
Вратете се на почетокот Go down
 
Почеток на нано-технологијата
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Пуканки :: ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА :: Технологија и Пронајдоци-
Отиди до: