Како дел од иницијативата за креирање на интернационализирани имиња на домени од јазици кои не го користат латиничното писмо, ICANN одобри креирање домени и на кинеско писмо.
Милиони интернет корисници од Кина ќе можат да пристапат на интернет употребувајќи го кинеското писмо откако ICANN (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers) одобри домени на кинески јазик.
"Ова е значителна промена за корисниците на кинеското писмо. Една петтина од светот зборува кинески, а тоа значи дека со овој потег го зголемивме потенцијалот за он-лајн пристапноста за отприлика милијарда луѓе", вели во известувањето за медиумите Род Бекстром, првиот човек на ICANN.
Бордот на ICANN исто така одобри регистрација на .xxx домените, кои ќе бидат наменети за порно индустријата.