Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.
Концептот се заснова на synesthesia — начин на стимуланс кој ја предизвикува перцепцијата да создава сосема поинакво чувство.
Звукот може да биде 'испратен' со перцепција на едно од петте сетила, како на пример слухот, преку поинакво сетило - да го земеме допирот.
Уредот со футуристички изглед, ќе се носи околу вратот и рамениците во вид на јака, а ќе го пренесува басот средните и високите звуци на кожата. Постои лесно достапен подесувач за 'подесување' на степенот на интензитетот на вибрациите (како замена за намалување или зголемување на гласот на телевизорот или некој музички систем).
Но овој уред не е наменет единствено за лицата со оштетен слух. Дури и лицата кои можаат да слушаат најверојатно ќе сакаат да го пробаат, доколку некогаш овој уред го види светлото на денот и почне да се произведува за широка употреба.
Глувите луѓе можеби нема да можат буквално да слушаат музика, но во блиска иднина тие би можеле да ја почувствуваат.
Music for Deaf People се надева дека ќе ја претвори музиката во чувство кое го имаат лицата без оштетен слух со помош на електрицитет кој ќе ја стимулира мембраната на уредот. Music for Deaf People може да ги проектира вибрациите од басовите, средните и високите тонови, од било кој аудио уред во 'слушалките'.