kokta Член


Број на мислења : 135 Join date : 2009-10-12 Age : 34 Местолокација : Skopje
 | Предмет: Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија Нед Jул 11, 2010 10:50 pm | |
| Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година. Versace Unique ги обединува сите функции неопходни како за лична, така и за деловна употреба. Направен е од најфини материјали, рачно изработени во Франција и обработен според ненадминатите стандарди на сите Версаче производи. Предната страна на телефонот е направена од чиста, технолошки унапредена керамика или од рачно нанесен лак, а оивичена е со осумнаесеткаратно злато или со некородирачки челик (316L). Лицето е пресвлечено со најфина релјефна кожа која го отсликува симболот на модната куќа Версаче – главата на Медуза. Екранот на Versace Unique моделот е изработен од сафир кристали, кој за прв пат е употребен на еден производ во оваа големина. Овој мазен материјал е невозможно да се изгребе, многу е чувствителен на допир и овозможува прецизна контрола на функциите на touchscreen екранот. Под ексклузивниот екстериер на мобилниот телефон Versace Unique се наоѓа напредна технологија, креирана од страна на компанијата LG Electronics, која гарантира совршена врска меѓу модерниот начин на живот и новата технологија, како и меѓу дизајнот и функционалноста. Versace Unique ги овозможува сите перформанси на мобилниот течефон: 3G мрежа, client e-mail, медиа плеер и камера од 5 мега пиксели со блиц. Овој уред исто така нуди и ненадмината Dolby Mobile технологија која овозможува висококвалитетен звук на мелодиите, MP3 музички и видео фајлови, обезбедувајќи 30 часа репродукција.  Џан Џакомо Ферарис (Gian Giacomo Ferraris), извршниот директор на Версаче Групата во оваа прилика изјави: „Навистина сме возбудени поради Versace Unique. Нашиот тим многу добро соработуваше со компанијата ModeLabs работејќи на креирањето на овој крајно иновативен производ, кој претставува совршен спој на луксузни материјали, рачна изработка и напредна технологија која ја користи компанијата LG Electronics. Со развојот на нашиот делокруг, особено сме среќни што можеме да ја зголемиме понудата на луксузни аксесоари кои ја дополнуваат нашата основна понуда на модни производи согласно со Versace DNA концептот.”  | |
|