General Electric произведоа LED не-вжештувачка светилка која ослободува светлина од околу 40W и која трае дури 25 пати подолго од класичните.
Новата светилка, која ќе се појави на пазарот подоцна оваа или рано наредната година, троши само 9W а заштедува 77% електрична енергија, велат од GE. Доколку се вклучува да работи по 4 часа дневно, ќе трае до 17 години.
Светилката е дизајнирана да ја насочува светлината во широк конус на предниот дел и наоколу - а не само на предниот дел на светилката, како многу од сегашните LED светилки.
"Ова е светилка која виртуелно ќе ја осветлува собата на вашето дете преку неговата столна ламба, од неговото раѓање па се до матурата во средното училиште,” изјави John Strainic, глобален продукт менаџер за General Electric Lighting. "Ова е неверојатен напредок кој ја симболизира имагинацијата и иновацијата што GE ја применува за решавање на некои од најголемите предизвици на светот."
Оваа светилка нема да биде евтина - ќе чини $40 или $50 долари, велат од GE. Но со производството на стандардните не-вжештувачки светилки во текот на следните 3 години, оваа светилка ќе си го најде своето место на пазарот.
Strainic, додава: "Потрошувачите не се подготвени да се откажат од помалку ефикасните не-вжештувачки светилки бидејќи тие го сакаат квалитетот на светлината. Сепак оваа нова LED светилка на GE ќе отвори сосема нова опција на потрошувачите за осветлување на нивните домови и канцеларии."