Веб сајтот MMO Champion објави дека Little Grey e првиот играч кој ги комплетира сите предизвици во играта, завршувајќи ги скоро сите делови со што доби максимални 986 поени.
Little Gray наводно уништил 390895 ликови во играта и умрел 8543 пати во процесот на завршување на сите 5906 предизвици, што значи дека во просек дневно завршувал по 14,6 предизвици, а играта ја играл околу 400 дена.
Иако за Little Grey нема многу податоци, според објавената статистика можеме да заклучиме дека немал девојка ниту други обврски освен играњето WoW и веројатно лошо се хранел, освен ако секојдневно некој друг не му припремал ручек.
Сајтот MMO Champion не успеал да го пронајде Little Grey, но објави вест во која некои WoW играчи се жалеле дека овој резултат не се важи бидејќи во него не бил вклучен неодамна претставениот додаток.