Еден мал генератор кој е развиен во Универзитетот во Michigan може да создаде доволно електрицитет за да може да напојува рачен часовник или бежичен сензор - сето ова од амбиенталните вибрации во воздухот.
Parametric Frequency Increased Generator (PFIG) е генератор кој ја собира енергијата од вибрациите кои се спореден производ од собраќајот кој поминува преку мостовите мостовите или машинеријата која работи во фабриките.
"Најсличните уреди имаат ограничени можности бидејќи тие функционираат на регуларни, предвидени енергетски извори," изјавил професорот Khalil Najafi.
"Најголемиот дел на кинетичката енергија од околината која не опкружува секојдневно не се случува во периодични и повторувачки тактови. Енергијата од сообраќајот на улица со гужва или во тунел, како и луѓе кои се качуваат и симнуваат по скалила, на пример, предизвикува вибрации кои не се периодични и се случуваат на ниски фрекфенции," вели Najafi.
Овие генератори можат да создаваат дури до 500 микровати од типични вибрациони амплитуди кои се наоѓаат во човековото тело. Тоа е повеќе од доволна енергија за да се напојува еден рачен часовник, на кого всушност му се потребни помеѓу 1 и 10 микровати, или пејсмејкер, кому му се потребни помеѓу 10 и 50.
Од тимот велат дека главната цел им е да создадат уреди како бежични сензори на далечинско управување или хируршки импланти за уреди во медицината, каде што менувањето на батериите е отежнато и скапо.
"Има основното прашање што мора да се одговори кое се однесува на начинот на напојување на бежичните електронски уреди, кои стануваат се повеќе присутни а во исто време многу ефикасни," изјавил Najafi. "Има толку многу енергија која ги опкружува овие системи во форма на вибрации, топлина, соларна и ветер."