Студијата на Европската асоцијација за регулирање на пазарот на телекомуникации, покажала дека земјите кои не работат на забрзана дигитализација сами на себе си нанесуваат најголема штета, пренесува Дојче Веле.
Воведувањето на брзиот интернет отвора и повеќе од милион работни места и зголемување на бруто општествениот производ од 850 милијарди евра до 2015 година, што претставува и една од целите на Европската Унија, утврдена со таканаречената “дигитална агенда“која ја објави Европската комисија.
Она што е епохално е прогласувањето на пристапот до брз интернет за едно од основните права.