Земјата можеби е помлада и настанала трипати подоцна отколку што се сметаше досега, покажа новото истражување на научници од универзитетот Кембриџ.
Истражувачите пресметаа дека нашата планета најверојатно настанала по доста долго време од раѓањето на Сончевиот систем пред 4,567 милијарди години, отколку научниците веруваа досега, пренесе Бгнес.
Споредувајќи изотоп од земјената обвивка со изотоп од метеорити, геолози од универзитет Кембриџ дошле до заклучок дека Земјата ги достигнала сегашните димензии пред околу 4,467 милијарди години.
До сега научниците тврдеа дека процесот на создавање на нашата планета е траел 30 милиони години.
Според новата студија сепак, се верува дека Земјата настанала 100 милиони години подоцна, пренесе Бгнес.
Научниците, чие истражување е објавено во весникот "Nature Geoscience", велат дека додека Земјата, најверојатно 60% од сегашниот износ го достигнала релативно брзо но потоа процесот бил забавен.
Истражувачите го измериле нивото на изотопи формирани при создавањето на Земјата, правејќи нешто како геолошки часовник. Потоа нивоата изотоп на Земјата биле споредени со примероците земени од метеорити кои удриле во планетата во современата историја.
Овие метеорити се како временски капсули кои имаат ниво на изотопи, слични на оние од оригиналната материја кои се формирале при создавањето на Сончевиот систем.
Разликите во изотопните вредности на волфрам во земјината кора и оние земени од метеоритите им овозможиле на научниците да откријат пред колку време е формирана Земјата.
Така научниците пресметаа дека Земјата достигнала две третини од овој својата големина пред 10 до 40 милијарди години.
Потоа процесот на создавањето бил забавен и бил завршен по 70 милијарди години. Тоа значи дека нашата планета стара 4467 милијарди година, доста помлада од тоа што до сега го сметаа научниците, а тоа е 4,537 милијарди години.