Научниците ја објавиле првата фотографија на планетата наречена 1RXS 1609, кој кружи околу оддалеченото сонце во групата планети за кои се проценува дека настанале пред околу пет милиони години.
Планетата, според изјавите на група научници на Универзитетот во Монтреал, е снимена уште во септември 2008. година, но фотографиите и деталите тогаш не беа објавени сè додека астрономите не се уверија дека станува збор за планета, а не за некое неидентификувано вселенско тело слично на планетите.
Како што на својата веб страница пренесува Нешенал географик, снимките што во меѓувреме се направени од телескопот Гемини на Хаваите потврдуваат дека станува збор за планета што орбитира околу млада ѕвезда и која е со неа гравитациски поврзана.
Обете тела патуваат низ вселената со иста брзина и во иста насока. Планетата од Земјата е оддалечена 500 светлосни години, а осум пати е поголема од Јупитер.