Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.


Информативен форум
 
HomeHome  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Летимотор!

Go down 
АвторПорака
kokta
Член
Член
kokta

Број на мислења : 135
Join date : 2009-10-12
Age : 30
Местолокација : Skopje

Летимотор! Empty
ПишувањеПредмет: Летимотор!   Летимотор! EmptyВто Jул 13, 2010 5:24 pm

Замислата за лично превозно средство, со кое ке можете да се движите по копно, но и во воздух, постои од кога постои и научната фантастика. И до каде стигнавме со комерцијално исплатливиот летечки автомобил? До летечкиот мотоцикл!

Switchblade е летечки мотоцикл за кој калифорниската фирма Samson Motorworks се надева дека ќе се вози по патиштата и ќе лета во воздухот до крајот на наредната година.
Летимотор! Letecki-motocycle-04
Овој мото-лет има три тркала поради што повеќе се поврзува со мотоцикл отколку со автомобил, со кој сепак дели некои ситници, како што се браниците, кои му додаваат на тежина и ја намалуваат аеродинамиката. Освен тоа, патниците седат еден до друг, во климатизирана кабина како и во автомобилите.
Но, издолжениот нос и крила, кои се повлекуваат при возењето на патиштата повеќе потсетуваат на ракета отколку на современа лимузина. И надворешните ретровизори се повлекуваат при лет на возилото и извлекуваат при движење на пат.
Летимотор! Letecki-motocycle-02
За управување со ова возило, кое е категоризирано како лесно спортско летало, сепак треба пилотска дозвола, а лета и вози на вообичаениот безоловен бензин.
Освен калифорнискиот Samson, има уште неколку фирми кои развиваат копнено-воздушни возила. Најдалеку стигна Terrafugia Transition чии што летечки автомобил на четири тркала и склопливи крила, е проектирано да може да се вклопи во стандардна гаража.
И додека Transition ги задоволува сите патни и воздухопловни сигурносни стандарди – опремен со браници, успешно ги поминува сите тестови и поради четирите тркала е постабилен од Switchblade и главно производителите тврдат дека е најбезбеден исто како и фамилијарните автомобили – но поради неговата цена, која се мери со шест цифри во доларски износ, за многумина ќе остане неостварен сон.
Летимотор! Letecki-motocycle-07
А тука е Samson во предност : Калифорниската компанија веќе наредната година има намери да го исфрли на пазарот ‘‘направи сам‘‘ моделот вреден 60.000 долари. Но, постои и еден мал проблем, моторот со сила измеѓу 120 – 150 КС потребен за летање ќе се продава поединечно за дополнителни 25.000 долари.
Иако скептиците можеби ќе бидат во право кога ќе тврдат дека веќе сме виделе голем број добри проекти кои никогаш не полетале подалеку од прототипот, никој со сигурност неможе да тврди дека Американците овој пат нема да отидат до крај.
Вратете се на почетокот Go down
 
Летимотор!
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Пуканки :: СПОРТ :: Автомобилизам и мотоциклизам-
Отиди до: