Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.


Информативен форум
 
HomeHome  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 HTC го најави Wildfire

Go down 
АвторПорака
kokta
Член
Член
kokta

Број на мислења : 135
Join date : 2009-10-12
Age : 30
Местолокација : Skopje

HTC го најави Wildfire  Empty
ПишувањеПредмет: HTC го најави Wildfire    HTC го најави Wildfire  EmptyСре Jул 14, 2010 7:31 pm

HTC го најави Wildfire  HTC%20Wildfire
Wildfire е паметен телефон кој ќе го користи истиот процесор како постариот Hero. Се чини дека HTC ги откри причините за незадоволителната брзина на Hero, а процесорот, очигледно, не бил една од нив. Оперативниот систем Android 2.1 ќе биде надграден со најновата верзија на Sense интерфејсот, опремена со Friend Stream и Leap. Она по што овој модел од HTC ќе биде поинаков од останатите е уште поголемата интеграција со социјалните мрежи, особено со Facebook. При остварувањето на повикот, телефонот ќе прикажува сублимирани информации од Facebook профилот на соговорникот. Јасно е дека целната група се младите луѓе, па поради тоа HTC го стори потребното да го направи овој модел попристапен – искористи постар процесор и екран со нешто пониска резолуција (240 x 320). Поради оптимизација на перформансите, HTC ги отстрани сите 3Д ефекти од интерфејсот Sense, во телефонот вгради батерија со капацитет од 1.300 mAh, ветувајќи поголема трајност отколку кај Desire. Wildfire на пазарот треба да пристигне во третото тромесечие од годинава.
Вратете се на почетокот Go down
 
HTC го најави Wildfire
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Пуканки :: ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА :: Мобилни телефони и Телефонија-
Отиди до: