kokta Член
Број на мислења : 135 Join date : 2009-10-12 Age : 35 Местолокација : Skopje
| Предмет: Риболов Вто Jул 13, 2010 2:41 am | |
| Риболовот е значајна стопанска гранка чија задача е одгледување, ловење и преработка на рибите. Рибата има значајна улога во исхраната на населението. Освен тоа, во некои земји од неа се произведува вештачко ѓубриво. Луѓето ја употребуваат рибата на повеќе начини и тоа, како солена, сушена или конзервирана. Риболовот може да биде речен, езерски или морски. Најзначаен е морскиот риболов, бидејќи во морињата се лови најголемо количество риба. Во морињата и океаните рибата се лови на современ начин, со специјални мрежи и бродови, додека китовите се ловат со харпуни. Езерскиот риболов е застапен на сте поголеми езера, како што се: Големите Езера во САД, Каспиското, Бајкалското, Аралското, Тангањика, Викторија, Њаса, Чад и др. Речниот риболов е застапен на сите реки, а најмногу риба се лови на големите реки Волга, Мисисипи, Ганг, Дунав, Јанцекјанг, Хоангхо и др. | |
|