
Американката Џоан Гинтер е прогласена за најсреќниот играч на лото во светот, бидејќи веќе четири пати добила премија поголема од милион долари.
Последниот пат, пред неколку денови, купила ливче за 40 долари, а добила 1,2 милиони!
На тој начин ја продолжила неверојатната низа, бидејќи премии поголеми од милион долари освоила и претходните три пати.
Неколку добивки од “само“ неколку стотици илјади долари биле само “утешна“ награда меѓу премиите.
Првата голема добивка од половина милион долари Џоан ја добила во 1993 година и од тогаш не поминувала ниту година без добивка.
Интересно е, исто така, што сите ливчиња со рекордните добивки ги купувала во истата локална продавница во едно мало место во Тексас.