Истражувачите на американската национална вселенска агенција НАСА открија знаци на живот на Титан, сателит на Сатурн, објави Би-Би-Си. Податоците добиени од американската меѓупланетарна сонда „Касини“ покажаа дека на Титан живеат примитивни биолошки видови.
Овие „животни форми дишат атмосферата на најголемиот сателит на Сатурн и ги конзумираат хемиските соединенија од површината на Титан, со што ја добиваат потребната за нив енергија“, се вели во информацијата.
„Сметаме дека овие биолошки форми користат водородот од атмосферата на Титан на ист начин како што живите суштества на Земјата дишат кислород“, рече Крис Макеј од научниот тим на НАСА.
Тој не исклучува дека станува збор за апсолутно непозната форма на биолошки живот, целосно различен од земјиниот.
Титан е вториот по големина сателит во Сончевиот систем. Дијаметарот му е 5.152 километри, односно 50 отсто поголем од оној на Месечината. Откриен е во 1655 година од холандскиот астроном Кристијан Хујгенс.