Поради хормоните! Жените со зголемено ниво на естрадиол, "хормон на сексот", себе си се доживуваат како привлечни...
... и склони кон флерт со непознати луѓе.
"Студијата нуди нови докази дека психолошките механизми и понатаму играат клучна улога во мотивацијата и однесувањето на жената", тврди др. Дуранте.
Дуранте, заедно со колегите, ги истражувале поврзаноста помеѓу естрадиолот, кој го лачат јајниците и кој е тесно поврзан со плодноста, и сексуалната мотивација по анкетирањето на 52 студентки на возраст меѓу 17 и 30 години кои не користеле контрацепција.
Со покажало дека нивото на естрадиол е тесно поврзан со мислењето за сопствената физичка привлечност.
Жените со високо ниво на овој хормон исто така покажале голема спремност за флерт, бакнување и сексуални односи со нови и непознати партнери, но не биле посебно склони кон "секс за една вечер".
Меѓутоа, нивото на естрадиол бил негативно поврзан со сексуалното задоволство кое на жената и го нуди постојаниот партнер.
"Нашите наоди покажуваат дека исклучително плодните жени најчесто не се сексуално задоволени од постојаниот партнер, па лесно наоѓаат утеха и задоволство во прегратките на други мажи", објаснува Дуранте.
Сепак, тоа не значи дека сите жени со високо ниво на естрадиол се спремни да влетаат во авантура за една вечер.
Наместо тоа, тие се определуваат за еден вид "сериска" моногамија, заклучува Дуранте во интервјуто за "Science".