Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Информативен форум
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Животно

Go down 
АвторПорака
kokta
Член
Член
kokta


Број на мислења : 135
Join date : 2009-10-12
Age : 35
Местолокација : Skopje

Животно Empty
ПишувањеПредмет: Животно   Животно EmptyВто Jул 13, 2010 3:14 am

Животните се многуклеточни хетеротрофни организми, од кои поголем дел минуваат одредени растојанија во потрага по храна, а друг, помал дел, има седентарен начин на живот. Науката што ги проучува животните се нарекува зоологија. Порано, во животинското царство било вклучени и праживотните и некои други претставници, но со денешните поделби на живиот свет, тие се во посебно царство - протисти.
Од еколошки аспект, животните претставуваат потрошувачи (консуматори) во рамките на екосистемот. Може да се исхрануваат со растителна (хербивори или растенојади), животинска (карнивори, месојади) или мешана храна (омнивори, сештојади). Исто така, одредени без‘рбетници и ‘рбетници се исхрануваат со мртва органска материја (сапрофаги) и со тоа придонесуваат за побрзо разградување на органската материја, правејќи ја полесно достапна за редуцентите - бактериите. Со својата хетеротрофност, животните всушност вршат природна контрола врз бројноста на популациите од живи организми во природата.
Животно 250px-Animalia_diversity
Животински клетки, ткива и органски системи
Животинската клетка, како и растителната, е изградена од универзалните органели: клеточна мембрана, цитоплазма, јадро, рибозоми, митохондрии, ендоплазматичен ретикулум и други. Меѓутоа, за разлика од растителната клетка, животинската не е толку компактна поради отсуството на клеточен ѕид. Исто така, во животинската клетка не се сретнати вакуоли, сферозоми и пластиди.
Кај животните се разликуваат четири основни видови на ткива: епително, сврзно, мускулно и нервно. Покрај овие ткива, некои клеточни наслаги во телото на животното се одликуваат со посебен изглед и имаат специјални улоги. Тие, според своите морфолошки белези, не би можеле да се наречат ткива, но, сепак, се ткива. Тоа се половите продукти, крвта и лимфата. Половите продукти од половите жлезди стојат во тесна врска со епителот (герминативен епител), а крвта и лимфата како телесни сокови со неповрзани клеточни елементи, обично се доведуваат во врска со сврзното ткиво (иако можат да бидат толкувани и како посебни творби).
Органските системи се доста добро развиени кај животните. Всушност, секој орган во животинскиот организам не функционира самостојно, туку секогаш е во некаква врска со други, слични по форма или функција органи. Се среќаваат неколку органски системи:
-Локомоторен систем, или систем на органите за движење, кој се состои од коските и мускулите
-Дигестивен систем, или систем на органите за варење на храната
-Циркулаторен систем, или систем на органите за транспорт на материите низ телото, а понекогаш тука се вклучува и имунолошкиот систем за одбрана од различни видови болести или инфекции
-Екскреторен систем, или систем на органите за излачување на непотребните или штетни материи од организмот
-Респираторен систем, или систем на органите за дишење
-Нервен систем, или систем за брзо регулирање на работата на сите останати органски системи
-Ендокрин систем, или систем за побавно регулирање на работата на органите, потоа растот и развитокот на истите
Вратете се на почетокот Go down
 
Животно
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Пуканки :: СЕКОЈДНЕВНИ ДИСКУСИИ :: Животни-
Отиди до: