Новата студија покажала дека чудните дупки во облаците настануваат кога низ нив поминува авион. Тогаш водените капки во облаците се претвараат во снег и зад себе оставаат кружни пукнатини во облаците.
Чудните формации на облаците може да останат мистерија за научниците и во наредните децении бидејќи со ова прашање се занимаваат од 1940 година.
Мистеријата поврзана со чудниот облак на небото на Москва и случувањата поврзани со НЛО, е резултат на дејствувањето на авионите иако до сега тој механизам беше непознат.
Поранешните истражувања сугерирале на тоа дека авионите предизвикуваат снег ако поминат низ "супер ладни" облаци, каде температурата е под нулата.
До неодамна, врската меѓу авионите и дупките беше непозната, но научниците кои ја испитуваат атмосверата нашле начин за нивно поврзување. Статијата ја објавиле во стручниот магазин Bulletin of the American Meteorological Society.
Ендру Хемшвилд од Националниот центар за атмосверски истражувања заедно со колегите летале со авион кој поминувал низ снег, западно од Денвер во 2007 година.
Во авионот носеле инструменти за проучување на ледените формации, а радарот забележал чудна дупка позади нив. По прегледување на резулттите Ендру и неговите колеги кажале дека чудната дупка се направила од два авиони кои полетале пред нив.
Движењето на авионите ги претвара капките во снег. Но водата може да се смрзне доколку температурата се спушти 37 степени под нулата. За да го потврдат заклучокот го споредиле снегот со оној во средината на дупката и оној на работ, со тоа што оној од средината има поедноставна форма за разлика од оној на работ кој се формира од капките вода.
До истиот заклучок дошле и други научници кои ги испитувале помалите авиони, но не значи дека секое летање со нив предизвикува дупки во небото.
Се работи за 7,8% од облаците на планетата кои се наоѓаат на вистинската висина за појава на овој феномен, па авионите не летаат на таа висина, туку полетуваат ии се приземјуваат. Ендру смета дека со тоа не се предизвикуваат климатски промени, туку може да се зголеми падот на снег на одредена површина.