Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Информативен форум
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Десет интересни факти поврзани со мобилните

Go down 
АвторПорака
kokta
Член
Член
kokta


Број на мислења : 135
Join date : 2009-10-12
Age : 34
Местолокација : Skopje

Десет интересни факти поврзани со мобилните Empty
ПишувањеПредмет: Десет интересни факти поврзани со мобилните   Десет интересни факти поврзани со мобилните EmptyНед Jул 11, 2010 4:56 am

Во денешно време кога ретко кој може да си го замисли животот без мобилен телефон. Еве неколку интересни податоци поврзани со производството и употребата на најверниот електронски другар на модерниот човек.

Првиот мобилен телефон е направен во 1983 година
Во тоа време и не бил баш практичен, а причината за неговата непрактичност како што гледате е големината. Името на уредот било Motorola DynaTAC 8000X, при што DynaTAC било кратенка за Dynamic Adaptive Total Area Coverage (динамично прилагодлива целосна покриеност на подрачја). Звучи како некој прво да ја смислил кратенката, па потоа пробувал што се може да се смести во неа.

Мобилните телефони можат да се користат во борба против тероризмот
Безбедносните служби веќе некое време експериментираат со детектори за нуклеарно зрачење и детектори за биолошки и хемиски отрови вградени во мобилни телефони. Ваквите системи би можеле веднаш по "намирисувањето" на опасноста, во реално време да ја пријават на безбедносните служби заедно со загрозената локација.

Телефонот е светилка
Две третини од корисниците својот телефон редовно го користат како светилка. Модерните уреди со големи и одлично осветлени дисплеи, или нивниот блиц одлично служат во оваа намена.

М-гласање во Естонија
Мобилно технолошки најнапредна нација на светот се Естонците. На нив им е овозможено на избори да гласаат преку мобилен телефон. Нормално, за такво нешто мораат да бидат задоволени купче предуслови како дигитален потпис, сигурносни протоколи, квалитетна информатизација на целата изборна машинерија и едукација на нацијата во користењето на сето тоа.

Ги има премногу
На Земјата се активни повеќе од три милијарди мобилни телефони, што би значело дека половината од светската популација без обзир на годините поседува мобилен телефон. За жал, мобилните комуникации, како и остатокот од светските богатства не се рамномерно распоредени. Некои земји како Луксембург имаат 158% присутност на мобилните комуникации, што значи дека голем број луѓе користат повеќе од еден мобилен телефон.

Мобилните прават многу ѓубре
Лугето често ги менуваат мобилните телефони. Корисниците во Јужна Кореја купуват нов мобилен телефон во просек на секои 11 месеци. Резултатот од тоа е огромна количина електронско ѓубре. За среќа, многу земји воведуват можност за рециклирање на мобилните телефони. Функционалните примероци се праќаат во земјите каде популацијата тешко може да купи мобилен, а нефункционалните се преработуваат.

Половина од јапонската модерна литература е напишана на мобилни телефони
Пет од десет белетристички дела во Јапонија се пишуваат на мобилни телефони. Авторите се претежно млади Јапонки кои пишуваат приказни за нивните животи зачинети со фикција

Околу 60% од зрачењето емитирано од мобилниот го впива главата на корисникот
Сеуште е дискутабилно дали зрачењето од мобилните е штетно или може да се занемари. Како и да е, 60% од радиобрановите кои ги емитира мобилниот телефон, ги впива главата на корисникот.

Телефонирањето во возење за четири пати го зголемува ризикот од несреќа
Иако сите знаат дека користењето на мобилен во возење го зголемува ризикот од несреќа, како и дека е забрането и се казнува, сепак голем број од возачите сеуште телефонираат додека возат. Нека знаат дека веројатноста за грешка им се зголемува за четири пати со телефон во рака.

Nokia е моментално најголем производител на дигитални камери на светот
Сите знаат дека Nokia е најголем производител на мобилни на светот, но дека е и најголем производител на камери е помалку познато. Бидејќи повеќето мобилни во денешно време имаат камера, а бројот на произведени мобилни телефони е поголем од бројот на произведени дигитални камери, со тоа Nokia завзема уште едно прво место.
Вратете се на почетокот Go down
 
Десет интересни факти поврзани со мобилните
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Наскоро бесплатна навигација на Nokia мобилните

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Пуканки :: МАКЕДОНИЈА :: Факти-
Отиди до: