
Sony претстави два нови D-SLR фото апарати од серијата Alpha. Станува збор за моделите А290 и А390, кои ќе ги заменат моделите А230 и А380.
Двата модели имаат електронски стабилизиран CCD сензор со резолуција од 14,2 мегапиксели, а имаат и други заеднички карактеристики како што се брзината на снимање од две фотографии во секунда, HDMI излез, систем за чистење на прашина од светлосниот сензор, фокус со девет точки, LCD дисплеј со големина од 2.7 инчи и литиум-јонска батерија.

Разликите се во поддршката за Live View која е присутна кај A390 и позадинскиот LCD дисплеј кој на А390 може да се мрда, додека кај А290 е фиксиран на телото.

"Идеални" за корисници кои прв пат користат DSLR фото апарати, A390 и A290 нудат драматичен чекор во квалитетот на фотографиите и креативните опции од компактните апарати. Важно е што се неверојатно лесни за користење, дури и доколку претходно немате искуство со DSLR", стои во соопштението за медиуми на Sony.
Двата нови модели ќе се најдат во продажба веќе од наредниот месец, а препорачаните цени за европскиот пазар се 450 евра за А290 и 500 евра за А390.