Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Информативен форум
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 HP претстави ултра-тенка табла осетлива на допир

Go down 
АвторПорака
kokta
Член
Член
kokta


Број на мислења : 135
Join date : 2009-10-12
Age : 34
Местолокација : Skopje

HP претстави ултра-тенка табла осетлива на допир Empty
ПишувањеПредмет: HP претстави ултра-тенка табла осетлива на допир   HP претстави ултра-тенка табла осетлива на допир EmptyНед Jул 11, 2010 5:03 am

HP претстави ултра-тенка табла осетлива на допир Hpe1

HP ја најави својата прва табла осетлива на допир со повеќе прсти, наменета за деловни корисници, како и ноутбук компјутери за големи, но и за средни и мали бизниси.

Новите производи во понудата на HP се:
HP EliteBook 2740p – ултра-тенка, конвертибилна и интерактивна табла осетлива на допир со повеќе прсти, наменета за деловни субјекти од здравствениот сектор, образованието, маркетингот итн.;

HP EliteBook 2540p – најлесниот HP EliteBook ноутбук, со тежина од 1.53кг во основна верзија, е идеален за големите компании, јавниот сектор, како и останатите бизниси коишто имаат потреба од компактен ноутбук со високи перформанси; и

HP ProBook – три нови модели од стандардната (s-серија) на ноутбук компјутери со високи перформанси, со нов дизајн и префинети бои , за секојдневна употреба.

„Таблата осетлива на допир, наменета за деловните корисници, е најновиот производ во широката палета на HP, кој на најдобар начин им овозможува на деловните корисници да го унапредат своето работење, продуктивност и мобилност“ изјави Карл Снајман, потпретседател и генерален менаџер на HP Personal Systems Group, за Европа, Среден Исток и Африка (EMEA). „HP постојано ги имплементира најновите иновации за да им помогне на големите корисници, како и на средните и малите претпријатија да ги натфрлат своите планови за продуктивност.“
Ноутбук компјутерите се најновите модели во серијата производи кои HP ги претставува на пазарот за деловните корисници, и тие нудат широк избор за обновување на деловната опрема која застарува.

Моќен и лесен ноутбук компјутер за корисниците кои постојано патуваат
отсега со Интел процесори со стандарден напон, HP EliteBook 2740p tablet PC ја комбинира моќта и сигурноста на HP бизнис ноутбук компјутерите со флексибилноста на табла, заради што е идеален за корисници кои се постојано на пат. Новиот 2740p тежи 1.72кг без додатоци и има LED екран од 30.7см /12.1 инчи во дијагонала. Како опција е достапен и екран приспособен за работа на отворено, со помал отсјај и поголем контраст за лесно гледање при дневна светлина.
Екранот осетлив на допир овозможува поинтуитивно и побрзо работење, зависно од начинот на внесување на податоци. Можностите за гестови со повеќе прсти, тапкање и лизгање на прстите по екранот им овозможуваат на корисниците движење низ апликациите и менијата, односно пристап до информации и веб страници.

EliteBook 2740p се нуди во различни варијанти на батериско напојување. За што помала тежина, има 6-ќелијна литиум-јон призматична батерија која трае до 5 часови, а како опција и HP 2700 ултра-тенка батерија која овозможува работа до 11 часови, во комбинација со стандардната батерија.

Како дополнителна опција се нуди и HP 2740, ултра-тенко лежиште за проширување, на кое корисниците можат да го приклучат својот ноутбук компјутер и користат периферни уреди, без потреба нешто постојано да се прикачува и откачува. Оваа иновативно лежиште за проширување содржи и DVD+/-RW уред, го собира во актовка, со што оптичкиот уред може лесно да се пренесува. Лежиштето исто така има приклучок за надворешен монитор, како и eSATA приклучок, кој овозможува врска со екстерни RAID конфигурации на тврди дискови и оптички уреди, за брзо и лесно снимање.

HP EliteBook 2540p им нуди на деловните корисници избор од Intel® Core™ процесори со стандарден напон, за максимални перформанси, што е новина во ултра-лесните преносни компјутери на HP - или со процесори на низок напон, за зголемена флексибилност и комфорот што го овозможуваат оптички уред или втор тврд диск.

Како најлесен во палетата HP EliteBook, 2540p има LED екран од 30.7см /12.1 инчи во дијагонала, а по избор и веб камера од 2 мегапиксели со софтвер за читање на картички и HP Fingerprint Sensor.
Вратете се на почетокот Go down
 
HP претстави ултра-тенка табла осетлива на допир
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Sony ги претстави А290 и А390
» ATI ја претстави најбрзата картичка на светот

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Пуканки :: ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА :: Технологија и Пронајдоци-
Отиди до: