Sony најави мемориска картичка со капацитет до два терабајти, која првенствено ќе биде наменета за употреба во HD камерите.
Повеќето модерни фотоапарати снимаат видео во HD резолуција, па имаат потреба за картички со голем капацитет. Оваа потреба е уште поизразена кај видео камерите кои се повеќе користат флеш меморија како медиум за складирање на записот. Со картичката која ја подготвува Sony, би требало да бидат задоволени и најраскошните потреби за складирање.
Технологијата која ја користи Sony Во своите картички е слична на онаа која ќе ја користи нивната најлута конкуренција, производителите на SD мемориски картички. Се работи за exFAT системот на складирање. Огромниот капацитет не би бил искористлив доколку брзината на запишување, читање и пребарување не е доволно голема за да овозможи моментален пристап кон запишаните податоци.
Sony најави брзина на пренос на податоците од 480 мегабити во секунда, што е и максимум на USB 2.0 стандардот.