Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Добродојдовте, тимот на Пуканки ви препорачува да се логирате или да се регистрирате на форумот доколку тоа го немате направено досега, со тоа што ке станете член на форумот нема да ги гледате рекламните банери, и со вашиот коментар ќе можете да учествувате во некоја од многуте теми на овој форум.
Пуканки
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Информативен форум
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Чип кој им го враќа видот на слепите

Go down 
АвторПорака
kokta
Член
Член
kokta


Број на мислења : 135
Join date : 2009-10-12
Age : 35
Местолокација : Skopje

Чип кој им го враќа видот на слепите Empty
ПишувањеПредмет: Чип кој им го враќа видот на слепите   Чип кој им го враќа видот на слепите EmptyПон Jул 12, 2010 12:39 am

Со помош на така нареченото бионичко око, луѓето кои целосно го имаат изгубено видот би можеле повторно да прогледаат. Имплантот кој е наречен Argus II има ограничувања и неможе во целост да го врати видот, но првите резултати се охрабрувачки и би можеле да значат револуција во тој дел од медицината.
Овој исклучителен проект е во фаза на меѓународно испитување кое се спроведува на 30 пациенти ширум Европа и САД на возраст над 25 години. Потребни се најмалку уште две години за да се види дали на луѓето кои во текот на животот ослепеле ќе може да им се врати видот до толкава мера што би им овозможило живот без стап.

Системот Argus II се состои од три дела: чип кој се вградува во окото на пациентот, посебни видео наочари и мини компјутер кој пациентот го носи на појас. Имплантот се вградува хируршки позади мрежницата, а ултратенка жица која се прицврстува за очниот нерв овозможува пренос на светло и слика во мозокот. На посебните наочари, кои пациентот мора стално да ги носи, се наоѓа и мала камера со предавател кој му праќа слики на чипот кој е вграден во окото. Имплантот има 60 електроди сместени на плочата, а со поддржување на различни полиња се создава контрастна слика со чија помош личноста може да препознава светлост или црти. Имплантот не мора да се менува како пејсмејкерот, бидејќи чипот во окото се вградува само еднаш и трае цел живот, а батеријата која се наоѓа во мини компјутерот кој се полни како мобилен телефон.

Мрежниот имплант веќе се покажа успешен во враќање на елементарниот вид на пациентите кои имаат ослепено поради макуларна дегенерација, а ако се покаже доволно ефективен, би можел да им го врати видот на многу луѓе, пред се оние кои се заболени од дијабетис и наследна дегенерација на жолти дамки, кои се водечки причини за слепилото во светот со уддел од преку 60 проценти. Бионичкото око може да го врати видот кој е изгубен поради дегеративни промени поврзани со староста и во некои случаи на траума, но на луѓето кои се слепи од раѓање нема да може да им помогне, бидејќи тие немаат форми на препозннавање и нивниот мозок не знае како да ги обработува визуелните информации.

На пациентите на кои им е вградено бионичко око, кои се разбира биле потополно слепи, почнале да препознаваат светлина, да разликуваат црна, бела и сива боја, да одат по светла линија или да ја пронајдат вратата. Иако ова изгледа како релативно мал успех, бидејќи тие се уште гледаат многу малку, ова е прв чекор во примената на новата технологија која би можела да се развие до незамисливи размери.
Вратете се на почетокот Go down
 
Чип кој им го враќа видот на слепите
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Пуканки :: ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА :: Технологија и Пронајдоци-
Отиди до: