Врвната заштита на Ubisoft која е наречена DRM треба(ше) да го спречи нелегалното копирање на игрите. Но од оваа заштите изгледа остана само она (ше), бидејќи пиратите успеаа да ја пробијат за неколку часа.
Silent Hunter V и Assassin’s Creed II претставија сериозен DRM кој требаше во целост да го оневозможи копирањето на игрите. Новата шема од сите легални корисници бара трајна интернет конекција која континуирано би потврдувала дека играта која ја користите е оргинална верзија. Напредокот во играта корисниците можеа да го зачувуваат само на сереверите на UbiSoft.
Идејата беше многу напорна бидејќи корисниците играта можеа да ја играат само ако имаат активна интернет конекција и ако серверите на Ubisoft работат како што треба. Meѓутоа, сега започнаа да кружат гласини за пиратски верзии на игри.
Ubisoft ги негира овие гласини и во изјавата наведува дека иако пиратската верзија на почетокот изгледа исто како и оргиналната, секој корисник кој ќе ја симне и ќе почне да ја игра, ќе открие дека е некомплетна.
Но сега се поставува прашањето како е можно воопшто да се стартува играта? Infoaddict тврди дека сепак е претставена пиратска верзија која работи. Озлогласената Skid-Row група успеала во рок од 24 часа да го онеспособи новиот DRM и сега се чини дека проблем со DRM заштитата имаат само оние корисници кои ја купиле оргиналната верзија од играта.