Mouseless (без глушец) е невидлив компјутерски глушец што го направил студент на МИТ, Институтот за технологија во Масачусетс.
Глувчето е влезна единици на компјутерот, што движењето на раката го претвара во стрелка на екранот.
Даглас Енгелбарт го изумил глувчето во 1963 година, а називот го добил бидејќи наликувал на глушец.
До денес се изумени и развиени многу технологии базирани на движење, кои служат како алтернативни начини за интеракција со компјутерот. И покрај напредокот на хардверот, класичниот глушец остана доминантен начин на кој комуницираме со компјутерот.
Невидливиот глушец е направен за само 20 долари. Се состои од инфрацрвен (ИР) ласерски сноп и инфрацрвена камера.
ИР ласерот и ИР камерата се вградени во компјутерот. Оваа технологија овозможува широк спектар на интеракција меѓу корисникот и компјутерот.