kokta Член


Број на мислења : 135 Join date : 2009-10-12 Age : 34 Местолокација : Skopje
 | Предмет: Новиот Sony Ericsson се ослонува на Windows Mobile 6,5 Вто Jул 13, 2010 1:29 am | |
|  Тимот на Sony Ericsson баш и не забележи добри работни резултати во текот на минатата година, но овие тоа планираат да го променат меѓу останатите и со помош на мобилниот наречен Aspen. Sony Ericsson Aspen е дел од серијата GreenHeart, со што компанијата дава јасно до знаење дека има одредени еколошки карактеристики. Уредот исто така има екран осетлив на допир со дијагонала од 2,4 инчи, резолуција 240x 320 пиксели но и полна тастатура, 3,2 мегапикселна камера со 4x дигитален зум, поддршка за репродукција на целата низа на мултимедиски формати, едноставен пристап на интернет содржини преку една припадничка типка и сета сила на додатоци наменети за работно користење. Aspen го движи Windows Mobile во верзија 6.5.3, полните димензии изнесуваат 117x60x12,45 мм, а тежи 130 грама. Ќе се појави на пзарот во друдиот квартал на оваа година по засега сеуште непозната цена. | |
|