Светски рекордер во пирсање е 23 годишниот Ариан Хопкинс од Росвил, Калифорнија.
Минатата сабота, професионалецот Пол Дунклебергер го испирсал неговото тело 1.093 пати и со тоа го срушил рекордот во пирсање со текни игли.
Досегашниот рекорд беше со 900 игли, а тие планирале да го срушат рекордот со 2000 игли, но постапката била прекината кога Ариан покажал знаци на шок. Пол го пирсал Ариан околу 2 часа по нозете, рацете и грбот, а постапката на вадење траела со часови.
"Пирсањето не боли само чувството е чудно" - кажал Хопкинс. Рушењето на рекордот имало за цел собирање пари за болницата во Северна Каролина. Па така, со секоја наредна игла луѓето донирале пари.