Револуција до пристапот на интернет, симнување филмови за само неколку минути.
Се ова е дел од новиот амбициозен план на американските регулатори за реформа во телекомуникациите, што ќе биде претставен утре.
Иако од Сојузната агенција за комуникации, не ги соопштуваат сите детали околу новите реформи, сепак се знае дека е планирано преносот на податоците да биде за 25 пати побрз од досегашниот.
За Американците, реформата во телекомуникациското законодавство е еден од најважните настани за интернетот во неговата историја.
Според аналитичарите, се работи за реформи што засекогаш ќе го променат начинот на користење на интернетот, но ќе го зголемат проблемите на телекомуникациските компании.
Големите компании негативно реагираа на зголемувањето на брзината на интернетот и според нив треба да им се спротивстават на екстремните облици на регулација.
“Циско Системс “ веќе најавија набавка на нов рутер, 12 пати посилен од конкурентските, што навестува дека и покрај противењето сите се подготвуваат за новите промени.