На интернет се појави Microsoft –softver алатот за форензичка анализа на компјутерите, наменет за законодавците при анализа на компјутерите запленети од криминалците.
Компјутерот Online Forensic Extractor или скратено COFEE е мал софтвер со кој е можно форензички да се анализираат компјутерите во потрага по трагови од сајбер криминал. Алатот е првенсвено наменет за владините организации, но како што е тоа вообичаена пракса, се најде на интернет, достапен за сите корисници.
COFEE е датотека со големина на 18МБ за да можат агентите да носат USB мемориски диск и да го искористат на лице место.
Самиот алат има нешто повеќе од 150 команди кои на целниот компјутер пронаоѓаат траги од цајберкриминалот, детска порнографија, online измами од секојдневни видови и други криминални работи направени преку компјутер.